Маркијан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
 
Во текот на неговото владеење исто така била заштитена границата на империјата од надворешни непријатели. Во 452 година биле одбиени нападите на Персија против провинциите Сирија и Египет. Изгаснати биле и немирите на ерменската граница во 456 година.
 
Кога во 450 година [[Атила]] го побарал годишниот данок од императорот, Маркијан одговорил дека не е должен да го плаќа ветеното од неговиот претходник и дека "''златото е за пријатели, а железото за непријателите''". Атила некое време се двоумел со кого понапред да започне војна - со [[Рим]] или [[Цариград]]. Конечно сепак решил прво да ја нападне Западната империја и само предвремената неговата смрт во 453 година спречила да се одмазди на Маркијан.
 
Византискиот император не презел ништо во одговор на кампањите на Атила и останал верен на ветувањето дадено во младоста, тој не кренал меч против Вандалите кои во текот 455 година го зазеле. Во последно време, сепак се појавуваат сомнежи дека Маркијан имал преземено активно учество во помагање на [[Западната Римска империја]], а дел од историчарите пак сметаат дека имал и улога во смртта на Атила.
 
Маркијан починал во 457 година и бил погребал во Црквата на Светите Апостоли во престолнината. Источното православие го слави празникот на Светите Маркијан и Пулхерија на 17 февруари.
 
{{Шаблон:Римски императори}}