Маркијан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
Маркијан имал тракиско потекло и бил син на некој војник кој служел на империјата. Влегол во армијата како млад човек и ја започнал својата кариера како обичен маринец. Поголемиот дел од својот живот го поминал во походи и војни. За време на Персиската војна од 420-422 година служел во източноримската армија под команда на [[Ардабур]]. Подоцна, во 443 година учествувал во походот на [[Аспар]] во [[Африка]] каде бил заробен од страна на Вандалите, но бил пуштен од самиот крал Гејзерик кој, како што гласи преданието, прв претскажал дека Маркијан еден ден ќе стане император. Во замена, Маркијан се согласил никогаш повеќе да не војува против Вандалите.
 
Во следните години, Маркијан станал генерал, по кое добил ранг на сенатор и станал началник на императорската стража на Теодосиј II. Кога императорот Теодосиј II починал, неговата сестра Пулхерија додека уште никој не знаел за смртта на царот, го повикала Маркијан и му рекла: «Бидејќи императорот почина, тогаш јас те избирам тебе, како најголем достојник од сите. Дај ми збор дека ќе ја почитуваш мојата девственост која сум ја ветила на Бога, а јас ќе те прогласам за император. Маркијан се согласил со зборовите на Пулхерија по кое патријархот го прогласил за нов император на земјата. Потоа тој стапил во брак со Пулхерија, но не ја познал како жена. По нивната смрт, тие се прогласени за светци од православната црква.
 
{{Шаблон:Римски императори}}