Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
Во 30-тите и 40-тите години на [[5 век]] значаен проблем претставувало постојаните напади на Хуните на [[Балканскиот полуостров]], особено по стапувањето на [[Атила]], кој ја уценувал византиската влада за да добива огромни количини злато. Во 439 година, годишниот данок платен на Атила бил зголемен двојно - од 350 на 770 римски фунти злато, а по преземањето на Ниш во 443 година е двојно зголемен до 1400. Сепак дунавските провинции на Мизија повеќепати биле уништени и останале речиси напуштени. Императорот се согласил да плаќа по 2100 римски фунти злато годишно (околу 687 кг.) во замена за примирје. По поразот кај Утус ([[447]] година) [[Атила]] пристигнал до ѕидовите на Константинопол и побарал тројно поголем годишен данок (6000 фунти злато), но Теодосиј II ги одбил овие услови. Хуните не биле во можност да ги заземат импресивните Теодосиеви ѕидини по кое се повлекле. Во 449 година византиски агенти направиле неуспешен обид за атентат врз Атила.
 
== Религиозна и правна политика ==
 
Во [[438]] година бил издан "''Codex Theodosianus''" кој ги содржал сите закони кои биле издадени од [[Константин Велики]] до [[Теодосиј II]]. Кодексот влегол во сила како на истокот така и на западот бидејќи врските меѓу двете страни биле многу силни. Самиот Валентијан се оженил со [[Лицинија Евдоксија]]. Со издавањето на кодексот настанале и нови религиозни контроверзии кои се однесувале на божествената и човечката природа на [[Христос]]. Овој спор се решил на [[Трет вселенски собор|Третиот вселенски собор]] во [[Ефес]] каде било потврдено дека [[Исус Христос]] е една Личност со две природи: со божествена природа – од вечноста, од Отецот, и со човечка природа – која ја примил во времето, од Пресвета Богородица. По соборот било осудено учењето на [[Несториј Константинополски]] (несторијанство).
 
{{Шаблон:Римски императори}}