Разлика помеѓу преработките на „Теодосиј II“

Додадени 1.675 бајти ,  пред 6 години
Смртта на Хонориј во 423 година го оставил Теодосиј II како единствен легитимен владетел од династијата бидејќи Хонориј немал машки деца, но Теодосиј немал намера да ја обедини Римската империја. Во 425 година, по отстранувањето на узурпаторот Јован на западниот трон бил поставен малолетниот Валентинијан III, братучед на Теодосиј II. Во 30-те години Вандалите зазеле значителни римски територии во Северна Африка, вклучително и градот Картагина, а заедничката експедиција на двете империи против освојувачите во Сицилија претрпело неуспех (439-442).
 
Во 30-тите и 40-тите години на [[5 век]] значаен проблем претставувало постојаните напади на Хуните на Балканскиот полуостров, особено по стапувањето на Атила, кој ја уценувал византиската влада за да добива огромни количини злато. Во 439 година, годишниот данок платен на Атила бил зголемен двојно - од 350 на 770 римски фунти злато, а по преземањето на Ниш во 443 година е двојно зголемен до 1400. Сепак дунавските провинции на Мизија повеќепати биле уништени и останале речиси напуштени. Императорот се согласил да плаќа по 2100 римски фунти злато годишно (околу 687 кг.) во замена за примирје. По поразот кај Утус ([[447]] година) Атила пристигнал до ѕидовите на Константинопол и побарал тројно поголем годишен данок (6000 фунти злато), но Теодосиј II ги одбил овие услови. Хуните не биле во можност да ги заземат импресивните Теодосиеви ѕидини по кое се повлекле. Во 449 година византиски агенти направиле неуспешен обид за атентат врз Атила.
 
{{Шаблон:Римски императори}}