Теодосиј II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
 
Нарекуван уште Теодосиј Помладиот, тој престолот го наследил како малолетник кој имал само седум години. Тој станал еден од најдолго владејачките императори на Византија, со која управувал повеќе од 40 години. Иако во надворешната политика Теодосиј II бил принуден да направи голем број отстапки, внатрешната состојба на државата продолжила да биде стабилна, за разлика од нередите кои ја зафатиле Западна Римска империја. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата играеле сестра му [[Пулхерија]] и жена му [[Евдоксија]].
 
== Управување ==
По смртта на неговиот татко [[Аркадиј]] во [[408]] година, Теодосиј стапил на престолот како седумгодишно момче. За време на неговото владеење, значајна улога во управувањето со империјата имале префектот Антемиј (до 414 година) и неговата сестра [[Пулхерија]] (до 428 година). Дури кога станал полнолетен, тој својата власт ја споделувал со својата сестра, а тој имал само формална улога во управувањето на империјата. Подоцна големо влијание над Теодосиј II имала жена му Елија Евдокија (до нејзиното повлекување во манастир во 441 година) и конечно евнухот Хрисафиј.
 
Теодосиј II бил побожен и образовен владетел, познат по своите вештини во калиграфија. Во [[414]] година била изградена [[Аја Софија|втората црква Света Софија]], позната како Теодосиева црква. Неговата сестра [[Пулхерија]] издала наредба според која не се дозволувал пристап до Големата палата на никој маж, па се зборувало дека за време на нејзиното регентство дворот бил претворен во [[манастир]]. Кога Теодосиј наполнил полнолетство тој се оженил со Евдокија која ја родила [[Лицинија Евдоксија]] која се омажила за [[Валентинијан III]], царот на Западот.
 
Во текот на овој период биле завршени новите ѕидини на престолнината, кои биле повеќе од еден километар оддалечени од старите ѕидини на Константин. Ѕидините го опфаќале просторот од [[Палата Влахерна|палатата Влахерна]] до бреговите на [[Мраморно Море]] со должина од 6,5 километри. Просторот помеѓу новите ѕидини и старите бил малку населен, па овие површини се користеле за изградба на манастири и резервоари. Прва цистерна која била изградена била цистерна Еција во 421 година на шестиот рид, цистерна на Аспар на петтиот рид и цистерна на Свети Моциј на седмиот рид. На [[27 февруари]] [[425]] година бил основан [[Константинополски универзитет|Константинополскиот универзитет]] на грчки и латински јазик.
 
{{Шаблон:Римски императори}}