Аркадиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 30:
 
По уништувањето на готската закана, во Константинопол бил изграден [[Форум на Аркадиј]].
 
== Последни години ==
 
Аркадиј бил под влијание на својата сопруга Елија Евдоксија, која во 399 година го убедила на нејзиниот сопруг да го отпушти Евтропиј. Евдоксија исто така успеала да го отстрани и константинополскиот патријарх [[Јован Златоуст]], наводно поради тоа што самиот тој имал голема контрола над Аркадиј. Така во 404 година Јован заминал од патријаршискиот престол, а неколку месеци подоцна починала и Евдоксија.
 
Во остатокот од своето управување Аркадиј бил под влијание на Антемиј, преторијански префект кој склучил примирје со Стилихон на запад. Самиот Аркадиј не бил ангажиран во управувањето на империјата, бидејќи сакал да остане побожен христијанин. Починал во 408 година.
 
{{Шаблон:Римски императори}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аркадиј