Аркадиј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 20:
 
== Востание на Готите==
 
Притиснати од [[Хуни]]те на североисток, готските федерати во [[Мизија]] и [[Панонија]] ја обновиле својата агресија против Римската империја. Во 395-400 година еден од вестготските главатари, [[Аларих I]], кренал востание на федератите против империјата и неколку години ги ограбувал [[Тракија]], [[Илирик]] и [[Грција]], по што се насочил на запад кон [[Италија]]. Соочен со оваа закана Руфин одбил воено помош на западниот регент Стилихон, стравувајќи од неговите амбиции да ги контролира и двајцата императоори. Сепак Стилихон ја одбранил успешно империјата и во [[397]] година постигнал превласт над Аларих, по неколку години воени дејствија во Илирија.
 
По наредба на Руфин, војниците на Источната империја биле вратени во [[Константинопол]], наместо да се борат со непријателот, но тоа довело до соборување и убиството на великодостојникот од готските платеници, Гаинас во ноември 395 година. Во секој случај новиот советник на Аркадиј станал Евтропиј, кој го зазел местото на Руфин. Во овој период имало неколку обиди за опсада и зазимање на Константиноопол.
 
Истовремено, Гаинас успеал да обезбеди поддршка од повеќето готски војници и застанал на чело на нов бунт против императорот (396 година). Обединетите сили на неколку остроготски и вестготски главатари ја ограбиле Тракија и околината на Константинопол и дури за некое време преминале во [[Мала Азија]]. Од тогаш датираат првите документи на Хуните во римска територија.
 
На крајот на краиштата, императорот Аркадиј бил принуден да ги прифати Готите во Константинопол и да го објави Гаинас за новиот magister militum во [[399]] година, откако Евтропиј станал доста непопуларен. Присуството на варварите-аријаните во главниот град, сепак наскоро предизвикало масовен народен бунт, во кој биле убиени околу 7.000 готски платеници по наредба на Аркадиј. Во немирите била запалена царската палата. Тогаш, со помош на друг готски војвода - Фравита, Гаинас и неговите војници биле протерани од градот во почетокот на [[400]] година. На следната година остатоците од готската бунтовничка армија била уништена во [[Мизија]] од [[Хуни]]те, кои склучиле сојуз со источната империја.
 
По уништувањето на готската закана, во Константинопол бил изграден [[Форум на Аркадиј]].
 
{{Шаблон:Римски императори}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Аркадиј