Педро Алмодовар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
}}
 
'''Педро Алмодовар Кабаљеро''' ({{lang-enes|Pedro Almodóvar Caballero}}) (роден [[24 септември]] [[1949]] во Калсада де Калатрава, [[Шпанија]]) е шпански филмски режисер, сценарист и продуцент.
Алмодовар е аргументирано најуспешен и интернационално најпознат шпански филмски режисер од неговата генерација. Неговите филмови, одбележани со комплексни нарации, содржат мелодрама и користат елементи од поп култура, популарни песни, хумор, силни бои и интересни декорации. Желба, страст, семејство и идентитет се едни од најупотребуваните теми на Алмодовар. Неговите филмови се светски познати, а тој стана една од најголемите личности во филмскиот свет.
 
Ред 24:
 
===Лавиринти на страста (1982)===
''Лавиринти на страста'' ''(Laberintos de pasión)'' е комедија за повеќе идентитети, една од омилените теми на Алмодовар. Заплетот е центриран на авантурите на два лика полудени од секс: Сексилија, [[нимфоманијак]], и Риза, [[геј]] синот на лидер на фиктивна земја од Среден Исток, кои се создадени да бидат заедно.
 
===Темни навики (1983)===
''Темни навики'' ''(Entre tinieblas)'' е [[мелодрама]] со елементи на [[комедија]] во кој глумат [[Мариса Паредес]] и [[Кармен Маура]], меѓу другите глумци со кој Алмодовар и претходно соработувал.
 
===Што направив да го заслужам ова? (1984)===
Следниот филм на Алмодовар, ''Што направив да го заслужам ова?'' ''(¿Qué he hecho yo para merecer esto?)'' е инспириран од шпанските црни комедии од доцните 50-ти и 60-ти. Раскажува приказна на една домаќинка, нејзиниот насилен сопруг, постариот син кој е дилер на дрога, помладиот, и бабата која го мрази градот и сака да се врати во родното село.
 
===Матадор (1986)===
''Матадор'' ''(Matador)'' го продлабочува истражувањето на сексуалноста. Матадор е темна, комплексна приказна која ја раскажува врската на поранешен борец со бикови и убиствена адвокатка, чии сексуални потреби не се во целост задоволени ако не убијат.
 
===Закон на желбата (1987)===
''Закон на желбата'' (La ley del deseo) е еден од најбогатите и највознемирувачките филмови на Алмодовар. Го следи животот на три ликови: геј филмски режија кој започнува нов проект, неговата сестра која порано му била брат (Кармен Маура) и опсесивен убиец кои го следи (Антонио Бандерас)
 
===Жени на работ од нервен слом (1988)===
Следниот филм на Алмодовар, „[[Жени на работ од нервен слом]]“ ''(Mujeres al borde de un ataque de nervios)'' е феминистичка лајт комедија која го потврди Алмодовар како „женски режисер“, како [[Џорџ Кукор]] и [[Рејнер Вернер Фасбиндер]]. Алмодовар има кажано дека жените се подобри ликови како драматични субјекти.
 
Филмот е адаптација на театарска драма која раскажува два дена од животот на Пепа, професионален филмски дублер чиј оженет љубовник одеднадеж ја напушта, а со кој таа френетично се обидува да стапи во контакт. За време на потрагата, таа открива неколку негови тајни и ги открива сопствените вистински чувства.
Ред 46:
 
===Врзи ме! (1990)===
Следниот филм на Алмодовар го одбележа почетокот на соработката со уште една голема актерка од европското и шпанско кино: [[Викторија Абрил]]. ''[[Врзи ме!]]'' ''(Atame!)'' е и четвртиот најважен филм во кој соработува со [[Антонио Бандерас]].
Во овој филм, Рики (Антонио Бандерас), тукушто ослободен пациент од психијатрија, киднапира и држи заробена актерка (Викторија Абрил) со цел таа да се заљуби во него. ''„Имам 23 години, 50,000 пезети и сум сам на светов. Ќе се обидам да бидам добар маж за тебе и добар татко за твоите деца“'', ѝ вели тој.
 
Ред 54:
 
===Високи потпетици (1991)===
Семејната мелодрама ''[[Високи потпетици]]'''' (Tacones Lejanos)'' ја обработува приказната за прекинатата врска меѓу мајка и нејзината ќерка, и славна пејачка. Ќерката се венчала со поранешниот љубовник на својата мајка и се здружила со пејач кој ја имитра нејзината мајка. Популарните песни кои се секогаш присутни во филмовите на Алмодовар, се најприсутни во овој филм.
 
 
===Кика (1993)===
Во ''[[Кика]]'' ''(Kika)'', секој лик припаѓа на посебен филмски жанр. Приказата е за Кика - откачена, но добра шминкерка која се вовлекува во врска со американски писател и неговиот посинок. Неа цело време ја следи чудна телевизиска репортерка, која секогаш е во потрага по сензационални приказни.
 
''Кика'' е критика на [[масовни медиуми|масовните медиуми]], особено на нивниот [[сензационализам]]. Овој филм создаде голема контроверзност во САД поради смешна сцена со силување. Филмот не беше добро-прифатен од страна на критичарите, но отвори ново поглавје во кариерата на режисерот.
 
===Цветот на мојата тајна (1995)===
''[[Цветот на мојата тајна]]'' ''(La flor de mi secreto)'' е приказна за Лео Масијас, успешна писателка на романи која треба да се соочи со професионална и лична криза. Таа е отуѓена од својот сопруг, кој волунтира во [[Босна и Херцеговина]] за да ја избегне.
 
Во главната улога настапува [[Мариса Паредес]]. Оваа психолошка драма се смета за неговиот најзрел филм досега. Филмот има многу заеднички елементи со ''[[Сѐ за мојата мајка]]'' и ''[[Зборувај со неа]]''. Трите филмови се работат за „губиток, созревање и опоравување“.
 
===Живо месо (1997)===
Алмодовар е сценарист на сите свои филмови, но со ''[[Живо месо]] (Carne trémula)'', тој ја дели заслугата. Ова му е првиот и – за сега единствен - филм адаптиран према книга, истоимениот роман од [[Рут Рендел]]. Давид, полициски детектив, и Виктор, човек обвинет за неговото парализирање. По излегувањето од затвор, Виктор сака да се одмазди, а притоа се вплеткува во животите на Давид, неговата сопруга, поранешниот колега на Давид, Санчо, и сопругата на Санчо.
 
===Сѐ за мојата мајка (1999)===
Потоа, Алмодовар продолжи со своите сериозни драми создавајќи го ''[[Сѐ за мојата мајка]] (Todo sobre mi madre)''. Филмот произлезе од кратка сцена во ''Цветот на мојата тајна'', во која се раскажува приказната за мајка која ја жали смртта на својот син, и која, читајќи го неговиот дневник, дознава дека сакал да го запознае татка си. Таа се одлучува да отпатува до [[Барселона]] во потрага по неговиот татко, и сака да му каже дека имале син откако таа го напуштила пред многу години. Кога пристигнува таму, се сретнува со многу чудни ликови – проститутка трансвестит, бремена калуѓерка и актерка која е лезбејка – и сите тие на свој начин ѝ помагаат да ја преброди болката.
 
Во овој филм повторно се јавуваат темите како сестринство и семејство. Посветен е на [[Бет Дејвис]], [[Роми Шнајдер]] и [[Џина Роландс]].
 
Комичниот дел во филмот е Слатка, [[трансвестит]]. Во една сцена, таа раскажува колку пластични операции имала и колку [[силикон]] има во неа. Говорот го завршува со нејзина философска мисла: „Колку повеќе стануваш тоа што си сонувал да станеш, толку поавтентичен си“.
 
''Сѐ за мојата мајка'' освои најмногу награди и почести од сите други филмови во шпанската филмска индустрија. Доби [[Оскар]] за најдобар странски филм, [[Златен Глобус]], награда за најдобра режија во [[Кан]], францускиот Цезар за најдобар филм, Гоја за најдобар филм на годината.
 
===Зборувај со неа (2002)===
Две години подоцна, Алмодовар создаде уште еден успешен филм – ''[[Зборувај со неа]] (Hable con ella)'', кој ја раскажува приказната за двајца мажи кои се спријателуваат во болницата каде се грижат за жените кои ги сакаат, а пак, кои се во [[кома]]. Нивните животи се движат во сите насоки, минато, сегашност и иднина, и ги влечат до неочекувана судбина.
 
Филмот беше пофален од критиката и Алмодовар за него доби бројни награди и почести.
 
===Лошо однесување (2004)===
''[[Лошо однесување]] (La mala educación)'' ја раскажува приказната за две деца, Игнасио и Енрике кои ја откриваат љубовта, киното и стравот во религиозно училиште на почетокот од 1960-тите. Отецот Маноло, директорот на училиштето и нивен учител, е сведок на некои од овие нивни откритија. Трите ликови повторно се сретнуваат во 1970-тите и 1980-тите, или барем така изгледа.
 
Алмодовар во овој филм користи [[филм ноар]].
 
===Враќање (2006)===
Дејството на 16-тиот филм на Алмодовар, ''[[Враќање]] (Volver)'', е сместено во Ла Манча, и следи три генерации жени во исто семејство кои се борат да преживеат од ветрот, огнот, и дури и од самата смрт.
 
Приказната на ''Враќање'' се појавува како роман и скрипт во ''Цветот на мојата тајна''.
 
===Идни проекти===