Разлика помеѓу преработките на „Теодосиј I“

Додадени 172 бајти ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
Во 387 година, новиот западен император Валентинијан II, по бегството од Италија поради узурпаторот Максим, го востановил императорското седиште во Солун. Тоа било проследено со трансферирање на седиштето на префектурата Илирик од [[Милано]] во [[Солун]]. Воено-политичкиот сојуз помеѓу Теодосиј и [[Валентинијан II]], склучен во Солун, летото 387 г., резултирал со санкционирање на перманентниот трансфер на префектурата Илирик во политичките граници на источната империја.
 
Инволвирањето во средувањето на работите на Западот на Теодосиј му обезбедило доминатна позиција во Империјата. Меѓутоа, несредената воена ситуација на [[Балкан]]от, како и крупното востание што избило во Солун (390 г.), го оневозможиле да го ефектуира договореното формално издвојување на префектурата Илирик од Италија. Крвавиот масакр врз солуњаните на кој Теодосиј се решил во април 390 г., што резултирало со 7.000 жртви<ref name="Attwater">Attwater, Donald and Catherine Rachel John. ''The Penguin Dictionary of Saints''. 3rd edition. New York: Penguin Books, 1993. ISBN 0-14-051312-4.</ref>, го довел императорот до директна конфронтација со миланскиот епископ Амбросио, кој застанал во одбрана на интересите на Западната црква. Новонастанатата состојба го навела Теодосиј да прифати помирлив однос со Западната црква, како и да пристапи кон решителни акции за разрешување на готскиот проблем на Балканот. Предвремената смрт на Теодосиј (395 г.) резултирала со дефинитивна поделба на Империјата на Источна (Византија) и Западна Римска Империја, која била ефектуирана со распределбата на власта помеѓу малолетните синови [[Хонориј]] и [[Аркадиј]].
 
== Религиозна политика==