Разлика помеѓу преработките на „Теодосиј I“

Додадени 477 бајти ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
|full name = Флавиј Теодосиј
|title = 67-ми [[Римски император|Император]] на [[Римската империја]]
|image = File:Theodosius.jpg
|imgw = 300px
|caption =
|issue = [[Аркадиј]]<br>[[Хонориј]]<br>[[Пулхерија (ќерка на Теодосиј I)|Пулхерија ]]<br>[[Гала Плацидија]]
|dynasty = [[Теодосиева династија]]
|father = [[Флавиј Теодосиј]].<ref>[[Zosimus|Zos.]] ''Historia Nova'' [http://books.google.com/books?id=FSMAAAAAYAAJ&printsec=frontcover&dq=zosimus&ei=xzm1R-euDJ6SzQT309jGBQ#PPA200,M1 4.24.4].</ref>
|mother = Термантија
| religion = [[христијанство]]
|place of burial = [[Константинопол]]
}}
'''Теодосиј I''' ([[латински]]: ''Flavius ​​Theodosius'', [[грчки]]: ''Θεοδόσιος Α'' '), познат како Теодосиј Велики, бил римски император во периодот од [[379]] до [[395]] година. Тој е најдобро познат по наметнувањето на [[христијанство|христијанската религија]] и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски император кој владеел со целата [[Римска империја]]<ref>''Cf. decree, infra''.</ref><ref name="EdictOfThessolonica">"Edict of Thessolonica": See Codex Theodosianus XVI.1.2</ref>, откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на [[395]] година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.
 
Роден во [[347]] година во градот се наоѓа во денешната област Сеговија, [[Шпанија]]<ref>Hydatius ''Chronicon'', year 379, II</ref>, во аристократско христијанско семејство, Теодосиј од млад станал голем следбеник на православното христијанство. Татко му Флавиј Теодосиј е брилијантен војвода, постигнал голем број успеси на бојното поле во [[Британија]], [[Мавританија]] и Дунавската граница. Младиот Теодосиј се појавил за прв пат под команда на неговиот татко во [[374]] година каде бил назначен за дук на [[Мизија]]. Во времето кога неговиот татко бил погубен по наредба на императорот [[Грацијан]] во [[376]] година, идниот император Теодосиј се повлекол од функцијата и живеел во својата родна провинција.
 
По катастрофалната [[Битка кај Адријанопол (378)|битка кај Адријанопол]] во август [[378]] година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император [[Валенс]] загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите [[Готи]]. Самата престолнина [[Константинопол]] била ставена под голема закана.
== Упавување==
Инфилтрирањето на [[Готите]] во [[Тракија]], по крупната победа против источниот император Валенс кај Адријанопол, значително ја променило ситуацијата во империјата.
[[Податотека:Roman empire 395.jpg|thumb|десно|Империјата во 395 година]]
 
Во функција на поефективно менаџирање на готскиот проблем, западниот император [[Грацијан]] (367–383) за нов источен император го назначил Теодосиј I (379–395). За таа цел, покрај источниот дел од империјата, на Теодосиј привремено му била доверена и формалната воено-административна одговорност за целата префектура [[Илирик]]. Својата воено-политичка и идеолошка активност од самиот почеток Теодосиј ја фокусирал врз Балканот, промовирајќи го [[Солун]] во привремено императорско седиште (379 г.). Истовремено во [[Солун]] било трансферирано и седиштето на префектурата Илирик од Сирмиум. По првичниот успех во воениот ангажман против [[Готи]]те на Балканот, пролетта 380 г., Теодосиј претрпел понижувачки пораз. Есента истата година заболениот император во Солун лично бил покрстен од епископот Ахолиј. Ваквиот чин бил комплементарен со Теодосиевиот едикт публикуван во Солун (февруари 380 г.), што претставувало промоција на доминацијата на Никејската догма во Империјата. По повлекувањето на Теодосиј во [[Константинопол]] (ноември 380 г.), одговорноста во разрешувањето на готската криза и во администрирањето со префектурата Илирик ја презел западниот император, во согласност со претходниот договор.
 
 
Во 392 година Валентинијан II бил убиен и Теодосиј бил принуден повторно да војува, овој пат против Арбогаст и неговата марионета - узурпаторот Евгениј. Теодосиј и во оваа војна излегол како победник, егзекутирајќи го узурпаторот во 394 година. По ова, тој заминал во Милано каде починал. По неговата смрт во јануари 395 година Теодосиј Велики бил погребан во Константинопол.
== Наводи ==
 
{{наводи}}
{{Шаблон:Римски императори}}