Теодосиј I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36:
 
Во времето на Теодосиј во престолнината биле обновени [[Константинополски ѕидини|ѕидините на градот]]. Во близина на денешниот плоштад Бајазид во Истанбул, бил изграден [[Форум на Теодосиј]], кој бил пронајден при ископувањата во [[1958]] година. Најзначаен споменик од негово време е [[Обелиск на Теодосиј |Египетскиот обелиск]] кој бил поставен на хиподромот а денеска може да се види пред плоштадот Султанахмед, како и [[Златна порта (Константинопол)|Златната порта]] која подоцна била реновирена и затворена од [[Османлии]]те. До крајот на [[4 век]] во Константинопол живееле повеќе од 100.000 лица. Во текот на овој период, новите жители на градот, бидејќи немало место во внатрешноста на ѕидините започнале своите куќи да ги градат надвор од ѕидините. Во втората половина на [[4 век]], во градот работеле филозофите Темистиј и Синезиј, теолозите [[Григориј Богослов]], [[Јован Златоуст]] и [[Нил Синајски]].
 
== Надворешна политика ==
 
Во управувањето на Теодосиј I на источната граница владело мир со [[Персија]], што дало можност да одржува активна политика на запад. Во [[383]] година [[Сирија]] била заштитена од напад на сарацините. По дипломатски пат, Римјаните успеале да ја заземат [[Западна Ерменија]] и [[Колхида]].
 
Во [[383]] година во Западната империја бил извршен воен удар против императорот Грацијан, кој бил соборен од власт и убиен. Бранејќи ја правата на неговиот брат, малолетниот император [[Валентинијан II]], Теодосиј започнал војна против узурпаторот Максим во Италија, подржан од варварските делегати. Во 388 година тој постигнал победа и го вратил на престолот Валентинијан II, додека Максим и неговиот син биле егзекутирани.
 
Во 392 година Валентинијан II бил убиен и Теодосиј бил принуден повторно да војува, овој пат против Арбогаст и неговата марионета - узурпаторот Евгениј. Теодосиј и во оваа војна излегол како победник, егзекутирајќи го узурпаторот во 394 година. По ова, тој заминал во Милано каде починал. По неговата смрт во јануари 395 година Теодосиј Велики бил погребан во Константинопол.
 
{{Шаблон:Римски императори}}