Разлика помеѓу преработките на „Теодосиј I“

Додадени 1.623 бајти ,  пред 4 години
 
За разлика од претходните владетели на источната империја, Теодосиј I управувал во согласност со големите земјопоседници, аристократијата и свештенството, фаворизирајќи ги нивните интереси со донации на нови земјишта и привилегии. Повикал во Константинопол благородни фамилии од Шпанија и Галија. Благодарение на оваа негова политика, Теодосиј ја зацврстил својата власт. Теодосиј ги зголемил даноците, бидејќи администрацијата имала потреба од поголем обем на средства потребни за плаќање на варварските наемни војници, како единствениот начин да биде продолжена унијата и мирот со готските федерати на империјата.
 
Во времето на Теодосиј во престолнината биле обновени [[Константинополски ѕидини|ѕидините на градот]]. Во близина на денешниот плоштад Бајазид во Истанбул, бил изграден [[Форум на Теодосиј]], кој бил пронајден при ископувањата во [[1958]] година. Најзначаен споменик од негово време е [[Обелиск на Теодосиј |Египетскиот обелиск]] кој бил поставен на хиподромот а денеска може да се види пред плоштадот Султанахмед, како и [[Златна порта (Константинопол)|Златната порта]] која подоцна била реновирена и затворена од [[Османлии]]те. До крајот на [[4 век]] во Константинопол живееле повеќе од 100.000 лица. Во текот на овој период, новите жители на градот, бидејќи немало место во внатрешноста на ѕидините започнале своите куќи да ги градат надвор од ѕидините. Во втората половина на [[4 век]], во градот работеле филозофите Темистиј и Синезиј, теолозите [[Григориј Богослов]], [[Јован Златоуст]] и [[Нил Синајски]].
 
{{Шаблон:Римски императори}}