Разлика помеѓу преработките на „Теодосиј I“

Додадени 44 бајти ,  пред 4 години
 
Теодосиј бил решен да го искорени ересот и во своето владеење издал вкупно единаесет едикти. Од друга страна, тој бил толерантен кон [[Евреи]]те и по неколку пати издавал наредби за повторното градење на синагоги, уништени од христијаните. Тој бил апсолутен противник на [[паганство]]то и издал неколку закони со кои го забранил пренесувањето на жртви во чест на боговите, и дозволил голем број храмови да бидат уништени или да бидат претворени во цркви. Најмногу драстичните закони против паганството биле издадени во 391-392 година. Во овој период, сите храмови во целата империја биле затворени за посета, а било забрането дури и приватното поклонение пред паганските богови под заканата од жестоки казни. Во периодот од мај до 9 јуни [[381]] година бил одржан [[Втор вселенски собор|Вториот Вселенски собор]] во Константинопол со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и по Првиот вселенски собор во [[Никеја]]. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на [[Свети Атанасиј Велики]], како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на Константин Велики - [[Констанциј II]], [[Констанца]] и [[Валенс]].
 
== Внатрешна политика ==
 
{{Шаблон:Римски императори}}