Разлика помеѓу преработките на „Теодосиј I“

Додадени 2.126 бајти ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
Инволвирањето во средувањето на работите на Западот на Теодосиј му обезбедило доминатна позиција во Империјата. Меѓутоа, несредената воена ситуација на [[Балкан]]от, како и крупното востание што избило во Солун (390 г.), го оневозможиле да го ефектуира договореното формално издвојување на префектурата Илирик од Италија. Крвавиот масакр врз солуњаните на кој Теодосиј се решил во април 390 г., што резултирало со 7.000 жртви, го довел императорот до директна конфронтација со миланскиот епископ Амбросио, кој застанал во одбрана на интересите на Западната црква. Новонастанатата состојба го навела Теодосиј да прифати помирлив однос со Западната црква, како и да пристапи кон решителни акции за разрешување на готскиот проблем на Балканот. Предвремената смрт на Теодосиј (395 г.) резултирала со дефинитивна поделба на Империјата на Источна (Византија) и Западна Римска Империја, која била ефектуирана со распределбата на власта помеѓу малолетните синови [[Хонориј]] и [[Аркадиј]].
 
== Религиозна политика==
== Наслов ==
 
Теодосиј бил решен да го искорени ересот и во своето владеење издал вкупно единаесет едикти. Од друга страна, тој бил толерантен кон [[Евреи]]те и по неколку пати издавал наредби за повторното градење на синагоги, уништени од христијаните. Тој бил апсолутен противник на [[паганство]]то и издал неколку закони со кои го забранил пренесувањето на жртви во чест на боговите, и дозволил голем број храмови да бидат уништени или да бидат претворени во цркви. Најмногу драстичните закони против паганството биле издадени во 391-392 година. Во овој период, сите храмови во целата империја биле затворени за посета, а било забрането дури и приватното поклонение пред паганските богови под заканата од жестоки казни. Во периодот од мај до 9 јуни [[381]] година бил одржан [[Втор вселенски собор|Вториот Вселенски собор]] во Константинопол со цел да се стави крај на аријанскиот спор кој продолжил и по Првиот вселенски собор во [[Никеја]]. На продолжување на аријанската контроверза придонело и прогонството на [[Свети Атанасиј Велики]], како и поддршката која аријанците ја добивале од страна на наследниците на Константин Велики - [[Констанциј II]], [[Констанца]] и [[Валенс]].
{{Шаблон:Римски императори}}