Теодосиј I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 20:
 
Во функција на поефективно менаџирање на готскиот проблем, западниот император [[Грацијан]] (367–383) за нов источен император го назначил Теодосиј I (379–395). За таа цел, покрај источниот дел од империјата, на Теодосиј привремено му била доверена и формалната воено-административна одговорност за целата префектура [[Илирик]]. Својата воено-политичка и идеолошка активност од самиот почеток Теодосиј ја фокусирал врз Балканот, промовирајќи го [[Солун]] во привремено императорско седиште (379 г.). Истовремено во [[Солун]] било трансферирано и седиштето на префектурата Илирик од Сирмиум. По првичниот успех во воениот ангажман против [[Готи]]те на Балканот, пролетта 380 г., Теодосиј претрпел понижувачки пораз. Есента истата година заболениот император во Солун лично бил покрстен од епископот Ахолиј. Ваквиот чин бил комплементарен со Теодосиевиот едикт публикуван во Солун (февруари 380 г.), што претставувало промоција на доминацијата на Никејската догма во Империјата. По повлекувањето на Теодосиј во [[Константинопол]] (ноември 380 г.), одговорноста во разрешувањето на готската криза и во администрирањето со префектурата Илирик ја презел западниот император, во согласност со претходниот договор.
 
Теодосиј I успеал со огромна генијалност да се справи со готската опасност. Теодосиј започнал преговори за мир со готските водачи. Главно средство на политиката на Теодосиј I станало склучувањето на т.н.. ''foedus'', договори, според кои дојденците стануваат федерати - ги задржуваат својата автономија и закони, но се обврзани да служат на империјата како помошни војници. По завршувањето на Готската војна во [[382]] година, варварските племиња официјално добиле право да останат во земјите помеѓу [[Дунав]] и [[Стара Планина]]. Варварските контингенти го пополниле недостигот на римски волонтери во легии, но како резултат на тоа, во периодот до околу средината на [[5 век]] готските федерати го сочинувале поголемиот дел од армијата на Источната империја.
 
{{Шаблон:Римски императори}}