Теодосиј I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
 
По катастрофалната [[Битка кај Адријанопол (378)|битка кај Адријанопол]] во август [[378]] година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император [[Валенс]] загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите [[Готи]]. Самата престолнина [[Константинопол]] била ставена под голема закана.
 
== Уравување==
Инфилтрирањето на [[Готите]] во [[Тракија]], по крупната победа против источниот император Валенс кај Адријанопол, значително ја променило ситуацијата во империјата.
 
Во функција на поефективно менаџирање на готскиот проблем, западниот император [[Грацијан]] (367–383) за нов источен император го назначил Теодосиј I (379–395). За таа цел, покрај источниот дел од империјата, на Теодосиј привремено му била доверена и формалната воено-административна одговорност за целата префектура [[Илирик]]. Својата воено-политичка и идеолошка активност од самиот почеток Теодосиј ја фокусирал врз Балканот, промовирајќи го [[Солун]] во привремено императорско седиште (379 г.). Истовремено во [[Солун]] било трансферирано и седиштето на префектурата Илирик од Сирмиум.
 
{{Шаблон:Римски императори}}