Разлика помеѓу преработките на „Теодосиј I“

Додадени 154 бајти ,  пред 4 години
нема опис на уредувањето
| починал-место= [[Милано]], денешна [[Италија]]
}}
'''Теодосиј I''' ([[латински]]: ''Flavius ​​Theodosius'', на [[грчки]]: ''Θεοδόσιος Α'' '), познат како Теодосиј Велики, бил римски император во периодот од [[379]] до [[395]] година. Тој е најдобро познат по наметнувањето на [[христијанство|христијанската религија]] и решителната забрана на сите други религии во империјата. Теодосиј е последниот римски император кој владеел со целата [[Римска империја]], откако ја обединил за последен пат, само неколку месеци пред неговата смрт во почетокот на [[395]] година. По неговата смрт, империјата засекогаш била поделена на два дела - источна и западна.
 
Роден во [[347]] година во градот се наоѓа во денешната област Сеговија, [[Шпанија]], во аристократско христијанско семејство, Теодосиј од млад станал голем следбеник на православното христијанство. Татко му Флавиј Теодосиј е брилијантен војвода, постигнал голем број успеси на бојното поле во [[Британија]], [[Мавританија]] и Дунавската граница. Младиот Теодосиј се појавил за прв пат под команда на неговиот татко во [[374]] година каде бил назначен за дук на [[Мизија]]. Во времето кога неговиот татко бил погубен по наредба на императорот [[Грацијан]] во [[376]] година, идниот император Теодосиј се повлекол од функцијата и живеел во својата родна провинција.
 
По катастрофалната [[Битка кај Адријанопол (378)|битка кај Адријанопол]] во август [[378]] година, империјата паднала во критична ситуација. Источниот император [[Валенс]] загинал во битката, победените легии биле неорганизирани, балканските провинции страдале од инвазијата на разбеснетите Готите[[Готи]]. Самата престолнина [[Константинопол]] била ставена под голема закана.
 
{{Шаблон:Римски императори}}