Апостол Петар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 27:
Затоа што бил голем поборник на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да се пресметаат со него. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим.Тогаш таму владеел Нерон, голем безбожнок и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зошто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули во 61 година светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на Христијанството е и апостолот Павле. Затоа светата Христијанска црква споменот на овие двајца апостоли го слави во ист ден.
 
Апостол Петар го ширел и проповедал христијанството во различни држави, а најпрвин во Палестина и Мала Азија, Илирија и Италија пред да стане римски [[папа]] од [[43]] до [[68]] година. Во 42 година, Петар бил уапсен од страна на [[Ирод Агрипа I]] во [[Ерусалим]], каде по само неколку денови успеал да побегне во [[Антиохија]], денешна [[Сирија]]. По неговата триесета година заминал за [[Рим]]. Тогаш на чело на империјата владеел [[Нерон]], голем безбожнок и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови.

[[Податотека:Caravaggio-Crucifixion of Peter.jpg|мини|лево|Слика на [[Карваџо]] за распетието на Апостол Петар.]]
[[Апокриф|Апокрифот]] “Петровите Писма“ кажуваат дека Свети Петар бил распнат на [[крст]] поставен наопаку, бидејќи никој не заслужувал да умре на истиот начин како што умрел [[Исус Христос]]. Според друга [[легенда]], Свети Петар пробал да побегне од [[Рим]], а по патот го сретнал самиот [[Исус Христос]], на кој го прашал: “Каде ќе одиш, Господару?“, а на тоа Исус му одговорил: “Одам во Рим за повторно да ме распнат“. На тоа самиот Петар се предомислил и веднаш се вратил во [[Рим]] прифакајќи да стане маченик.
 
[[Шиити|Шиитските]] [[муслимани]] веруваат дека тој е вистинскиот наследник на [[Исус Христос]] (за нив, [[пророк]]).