Психо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 15:
Мерион се запишува под лажно име во книгата за гости во мотелот, се сместува во собата број 1, Норман низ пукнатина во ѕидот љубопитно го следи секое нејзино движење. Размислувајќи да се врати во [[Феникс]] и да ги врати украдените 40.000 долари, Мерион влегува во купатилото да се истушира. Во тој момент во купатилото влегува непозната ”сенка” и со кујнски нож го масакрира телото на Мерион. Набрзо Норман влегува во собата на Мерион, се згрозува од приодот кој го наоѓа и се труди да ги исчисти сите трагови. Ја става масакрираната Мерион во багажот од нејзиниот автомобил, а несвесно и украдените 40.000 долари (за кои и воопшто и не знае). Автомобилот го потонува во едно мочуриште во близина.
 
Лила Крејн ([[Вера Мајлс]]) е загрижена за тоа што веќе 4 дена нема трага од сестра ѝ Мерион. Таа оди во дуќанот на Сем Лумис за да праша што се случува со сестра ѝ. Истовремено во дуќанот влегува и Милтон Арбогаст ([[Мартин Балзам]]) приватен детектив, ангажиран од агенцијата за да ја пронајде Мерион и украдените 40.000 долари. Арбогаст доаѓа до мотелот на Норман, го препознава ракописот на Мерион во книгата на гостите, но од Норман добива информации дека Мерион дошла доцна вечерта и дека следниот ден рано си заминала. Арбогаст инсистира на разговор со Норма, но Норман го одбива. Додека Норман ја менува постелнината во собите од мотелот, Арбогаст кришум оди во куќата зад мотелот. Влегувајќи во куќата, непозната ”сенка облечена како жена” со кујнски нож го масакрира телото на Арбогаст. ВелгувајќиВлегувајќи дома Норман се згрозува од мртвото тело на Арбогаст, ги чисти сите трагови и, како и со Мерион сосе возило го потонува во истото мочуриште мртвото тело на Арбогаст.
 
Згрозен од злосторот, Норман во расправија со својата мајка инсистира да се скријат во подрумот од куќата за никој да не може да ги пронајде. Мајка му го одбива но Норман сепак ја носи во подрумот од куќата и против нејзината волја. Истовремено Лила и Сем нестрпливо чекаат повик од Арбогаст кој претходно им јави дека сепак наишол на некаква трага од Мерион.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Психо