Општина Чашка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 32:
Општина Чашка се наоѓа во средишниот дел на Македонија. Зафаќа површина од 825 км² и се вбројува во трите најголеми општини по територија во Македонија. Истата е рурална општина со добра географска положба. Општината располага со вкупна обработлива земјоделска површина од 476 км² и 48,97 км² под пасишта.
 
Соседни општина со кои се граничи општината се: од исток со [[Општина Велес|Велес]] и [[Општина Градско|Градско]], од север со [[Општина Зелениково|Зелениково]] и [[Општина Студеничани|Студеничани]], од запад со [[Општина Македонски Брод|Македонски Брод]] и [[Општина Долнени|Долнени]] и од југ со [[Општина Прилеп|Прилеп]] и [[Општина Кавадарци|Кавадарци}}]]. Според последните податоци од Заводот за статистика на територијата на општината живеат вкупно 7.673 жители во 42 населени места. Густината на населеност е 6 жители на км².
 
Општина Чашка има добра географска положба. Ги поседува најубавите и атрактивни предели на планините Јакупица, Даутица и Бабуна од запад, Клепа од исток, Караџица и Голешница од севоро-запад. На територијата на општината е и највисокиот врв на Јакупица, Солунска Глава (2.540 м). Целата таа атрактивност на пределот го дополнуваат и реките Бабуна и Тополка. По течението на овие реки се простира алувијална рамнина настаната како резултат на наносите на реките која е многу плодна. Покрај реките Бабуна и Тополка како природен ресурс е и новоизградената брана на хидросистемот „Лисиче“.