Разлика помеѓу преработките на „Димитар Стојанов - Мире“

 
На 18 април 1940 година, започнал да работи во гимназијата во [[Пеќ]], каде останал да работи до капитулацијата на [[кралство Југославија|Кралството Југославија]]. Есента 1941 година е поставен за професор во гимназијата во [[Кратово]], а од септември 1942 година до 6 април 1943 година работел како професор во гимназијата во Ловеч - Бугарија. На почетокот на април бил затворен во концентрациониот логор [[Чучулигово]] во пиринскиот дел на Македонија, каде останал една година и на 20 јануари 1944 година се приклучил на единиците на [[НОВ]], поточно во Втората и во Петтата народноослободителна бригада. Бил народен претставник на Првото заседание на [[АСНОМ]], член на Президиумот и повереник за просвета на Второто заседание на АСНОМ.
 
На 16 април 1945 година по формирањето на Првата влада на Федерална Македонија, станал шеф на кабинетот на претседателот на владата. Од есента 1945 година станува потпретседател на планската комисија на Владата на Федерална Македонија.
Од 1 јануари до 19 ноември 1941 година бил директор на ПТТ на Македонија, а потоа станува министер за просвета на НРМ на која функција останал се до 3 јануари 1951 година кога е избран за претседател на Народното собрание на НРМ со мандат од четири години.
 
Бил претседател на Одборот за просвета на Републичкиот совет на собранието на СРМ се до именувањето на местото [[директор]] на Архивот на Македонија.
 
Со решемието на извршниот совет со бр. 09-2711/1 од 16 декември 1960 година - Скопје, тој Народен пратеник е именуван за директор на државниот архив. Решението стапило на сила на 01 јануари 1961 година. Вториот мандат тој го добил со решението на извршниот совет со бр. 10-533/1 од 22 мВо времтпо на неговото директорување со Архивот на Македонија, се создава мрежа на десет архивски установи, во кои се оформени 250 архивски кадри изградени се 5 нови архивски згради со вкупна [[површина]] од 11259 м<sup>2</sup>, од кои само 6404 м<sup>2</sup> депоа, извршени се огромни истражувчки дејства во земјата и во странските архиви, издадени се 40 тома најзначајни документи за историјата на македонскиот народ од раните средни векови па се до повоениот период.
 
Тој бил избран и за почесен доживотен [[претседател]] на Друштвото на архивските работници на Македонија.