Јадрен реактор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
 
=== Итно сопирање ===
Во случај на опасност верижната реакција може да биде сопрена. Сопирањето е познато под терминот „''scram''“ за BWR (boiling'''b'''oiling water'''w'''ater reactor'''r'''eactor) нуклеарните реактори, додека кај PWR (pressurized'''p'''ressurized water'''w'''ater reactor'''r'''eactor) реакторите се користи и терминот „''reactor trip''“. Итното сопирање на верижната реакција во нуклеарниот реактор се случува така што голем број на шипки изработени од кадмиум и бор, [[борска киселина]] и други течни неутрон-апсорбери се внесуваат во јадрото на реакторот со цел да ги апсорбираат сите слободни неутрони. Верижната реакција се сопира доколку настанал или набргу ќе настане дефект во целокупниот систем за правилно работење на реакторот. Најчесто нуклеарните реактори се сопираат поради дефект во спроведувањето на електричната енергија до системот за ладење, или пак при големи [[вибрација|вибрации]], [[земјотрес]] на пример.
[[File:Fukushima_I_by_Digital_Globe.jpg|thumb|Три реактори во нуклеарната централа Фукушима I прегреале предизвикувајќи експлозии пришто големи количини на радиоактивни материи биле ослободени во воздухот.]]
Сепак материјата во реакторот останува топла подолго време поради што топлината треба да биде отстранета. Кај постарите нуклеарни реактори ова може да претставува проблем бидејќи единствен начин за отстранување на топлината е со активно ладење. При недоволно ладење материјата во јадрото на реакторот може да почне да се топи, односно доаѓа до процес наречен „''meltdown''“. За последен пат meltdown е регистриран во нуклеарната централа [[Фукушима I]] во 2011 година како последица на [[земјотрес]] и [[цунами]].
Ред 49:
[[File:RIAN_archive_409173_World%27s_first_nuclear_power_plant_in_Obninsk.jpg|left|thumb|Првиот RBMK нуклеарен реактор бил Обнинск АМ-1. Во употреба бил сé до 29 април 2002 година. Денес објектот е музеј.]]
[[File:RBMK_English.PNG|right|300px|thumb|Шематски приказ на јадрото на RBMK нуклеарен реактор]]
RBMK (Reaktor'''R'''eaktor Bolshoy'''B'''olshoy Moschnosti'''M'''oschnosti Kanalniy'''K'''analniy) нуклеарните реактори се кулминација на советскиот нуклеарен план. RBMK нуклеарните реактори користат канали (цевки) кои се под притисок. Како модератор користат графит. Додека се во употреба, за разлика од другите видови на нуклеарни реактори, исто како и CANDU нуклеарните реактори „изгореното“ нуклеарно гориво може да биде заменето без прекинување на работа. Оваа можност со себе носи и повеќе безбедносни ризици. Токму нискиот коефициент на реактивност и нестабилноста на ниски нивоа на енергија предизвикале [[Чернобилска несреќа|Чернобилската несреќа]]. После Чернобилската несреќа кај сите RBMK нуклеарни реактори биле превземени безбедносни мерки за превенција од иста ваква несреќа. RBMK реакторите се атрактивни поради тоа што користат лесна вода и не им е потребно нуклеарно гориво од висок квалитет. Денес 11 нуклеарни централи со RBMK реактори се сеуште активни, а вкупно биле изградени 17.
 
[[File:ZEEP.jpg|left|thumb|ZEEP (Zero Energy Experimental Pile) е првиот CANDU нуклеарен реактор којшто се користел исклучиво за нуклеарни истражувања. Изграден е во 1945 година.]]
[[File:CANDU_fuel_bundles.jpg|right|thumb|Две шипки долги 50 cm со дијаметар од 10 cm продуцираат 10<sup>9</sup> [[киловат-час|kWh]] ]]
CANDU ('''CAN'''ada '''D'''euterium '''U'''ranium) нуклеарните реактори исто како и RBMK користат канали кои се под притисок за ладење. Карактеристично за овие реактори е тоа што користат тешка вода (деутериум оксид) во примарното коло, на кое се должи подобрата модерација поради што не е потребен збогатен ураниум. Тешката вода брзо го успорува неутроните поради што тие стануваат побрзо термички и можат да предизвикат нуклеарен распад кај други атоми. Освен [[ураниум]], CANDU реакторите можат да работат и на MOX (Mixed Oxides) гориво со [[плутониум]] од нуклеарно оружје, [[ториум]] или користено гориво од BWR и PWR нуклеарни реактори. Исто како и кај RBMK нуклеарните реактори, кај CANDU реакторите можат да се заменат шипките со нуклеарно гориво без притоа да биде стопиран реакторот.
Сите нуклеарни централи во [[Канада]] имаат CANDU реактори. Освен во Канада, нуклеарни централи со CANDU реактори има во [[Кина]], [[Романија]] и други земји.
Втората по големина нуклеарна централа, Брус, исто така има CANDU реактори.