Разлика помеѓу преработките на „Еднонасочна струја“

Нема измена во големината ,  пред 5 години
(нова статија)
 
== Извори ==
=== Хемиски извори ===
Хемиските извори биле првите генератори кои во подолг временски интервал можеле да произведуваат електрична струја. Италијанецот [[ЛуиџиЛујџи Галвани]], професор по анатомија, забележал дека нозете на мртва жаба се грчат кога ги споил со две парчиња различен материјал. [[Алесандро Волта]], професор по физика, бил убеден дека причината за грчењето треба да се бара во електричната струја која ја произведуваат тие метали. После многу експерименти, тој во [[1800]] година го открил [[Волтин столб|Волтиниот столб]]. Волта натрупал плочки од бакар и железо едни на други, а меѓу нив ставил хартиени влошки претходно наквасени во солена вода. Тоа произвело струја и било првата батерија.
 
Постојат десетина вида хемиски извори кои меѓусебно се разликуваат по употребените метални електроди и електролити, а со тоа и по своите електрично особини. Хемиските извори се делат на примарни и секундарни. Примарните извори може да се употребат само еднаш, додека секундарните извори може да се полнат со пропуштање на еднонасочна струја во спротивна насока. Пошто овие ваквите извори имаат способност да акумулираат енергија, тие го добиле името акумулатори. Сите хемиски извори имаат заедничка особина дека ако низ нив постои струја како последица на нивната [[електромоторна сила]] (или во случај на секундарни извори како последица на надворешен приклучен напон кој делува спротивна на ЕМС), задолжително доаѓа до хемиски промени на електролитот или на електродите. Во многу случаи доаѓа до издвојување на некој гас (на пример, водород) на едната од електродите. Покрај другите ефекти, меурчињата гас образуваат околу диодата изолациски слој, заради што струјата низ изворот постепено слабее и на крајот целосно ја снемува.