Мечка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
''[[Tremarctos]]''<br />
}}
'''Мечките''' ([[науч.]] ''Ursidae'') се група на [[цицач]]и кои се одликуваат со големо тело, моќни екстремитети, густо [[крзно]] и кратка опашка. Мечките живеат во [[Северна Америка]], [[Јужна Америка]], [[Европа]] и [[Азија]], каде опстојуваат на различни живеалишта, како [[Планина|планини]], [[Шума|шуми]] и [[Арктик|арктичка]] дивина. Во текот на минатиот век, популациите од мечки се намалени поради нивниот интензивен [[лов]] и нарушување на нивната животна средина.
Сите мечки, со исклучок на некои популации од очилни и сончеви мечки, живеат северно од [[екватор]]от. Мечките денес неможат да се најдат во [[Африка]], [[Австралија]] или [[Антарктик]]от. Сите мечки делат слична [[анатомија]], но поедини видови варираат во големина, исхрана и вид на живеалиште. На пример, белите мечки живеат во смрзнатата арктичка дивина, каде се хранат главно со [[Фока|фоки]], додека сончевите мечки живеат во азиските [[Дождовна шума|дождовни шуми]] и се хранат со [[инсект]]и, [[Овошје|овошја]], [[орев]]и и мали животинки. Со тежина од преку 800 кг, белите мечки можат да израснат 12 пати поголеми отколку нивните помали роднини, сончевите мечки, кои ретко надминуваат 66 кг.
Ред 25:
 
=== Презимување ===
Се претпоставува дека повеќето мечки од северните региони хибернираат преку зимата. Иако многу видови ја поминуваат зимата во длабок сон, сепак тоа не е вистинска [[хибернација]]. За време на вистинска хибернација, [[температура]]та на телото паѓа на ниво приближно на надворешната температура и ритамот на срцето е драматично намален, но животните повремено се будат за да јадат од складираната храна, и да извршат физиолошки потреби ([[уринирање]] и [[дефекација]]). За разлика од овие животни, телесната температура на мечките паѓа само неколку степени под нормалната и ритамот на срцето е многу малку намален. Тие не сте будат за време на оваа „хибернација“, што значи дека не јадат, не пијат, не уринираат и не вршат дефекација за време на целиот овој период, и не ја напуштаат пештерата. Сепак се случува мечките да се разбудат од зимскиот сон, доколку се нападнати или во случај кога мајката раѓа младенчиња. Најопасна мечка е Дивна мечка, живее во густи шуми.
 
== Класификација ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мечка