Девизен курс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 145:
 
Општа закономерност е дека побогатите земји се систематски поскапи од посиромашните земји. [[дефлатор на БДП|дефлаторот на БДП]] е пондериран просек од цените на тргуваните и нетргуваните стоки. Ако цените на меѓународно тргуваните стоки приближно се изедначени кога ќе ги изразиме во една заедничка валута, тогаш разликите во просечните ценовни нивоа произлегуваат во цените на нетргуваните стоки - како што се фризерските услуги, хотелското сместување, транспортните услуги, лебот итн. Нетргуваните стоки се поевтини во посиромашните земји. Зошто е тоа така? Многу услуги, кои сочинуваат голем дел од нетргуваните стоки, се „луксузни“ стоки: ресторани, правни услуги, услуги за домаќинствата, згрижување на деца, медицински услуги. Во сиромашните земји, побарувачката за услуги е ограничена и како резултат на тоа, нивните цени се ниски.
 
 
Втората причина е поврзана со понудата на услуги. Посиромашните земји се карактеризираат со пониско ниво на физички и човечки [[капитал]], од каде произлегува дека [[продуктивност]]а во секторот на тргувани стоки е пониска. Следствено на тоа, кога продуктивноста во секторот на тргувани стоки е ниска, тогаш граничната продуктивност на [[труд]]от е мала и наемнините се пропорционално ниски. Наемнините би биле, исто така, ниски и во секторот на нетргувани стоки, бидејќи мобилноста на работниците, обичаите (барање за правичност) и активноста на [[синдикат]]ите обично спречуваат наемнините во голема мера да се разликуваат помеѓу различните сектори. Поради пониските наемнини, цените во секторот на нетргувани стоки ќе бидат пониски во посиромашните земји.<ref>М. Бурда, Ч. Виплош, ''Макроекономија - Европски текст'' (превод на 4-то издание), Академски печат, Скопје, 2009.</ref>