Еврозона: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 233:
Голем надзор од [[ЕУ]] во областите на политика на оданочување и буџетска политика и намeтнатиот механизам кој оди со тоа, понекогаш се опишани како потенцијално непочитување на суверенитетот на земјите-членки на еврозоната. Сепак, во [[јуни]] [[2010]] конечно беше постигнат целосен договор за контоверзниот предлог, земјите-членки меѓусебно да ги рецензираат буџетите пред нивната презентација во националните парламенти. Иако [[Германија]], [[Шведска]] и [[Велика Британија|Обединетото Kралство]] беа против меѓусебно прикажувањето на целосниот буџет, секоја влада на нивните рецензори и на Комисијата ќе ги презентира нивните проценки за нивото на раст, инфлација, приходи и трошоци шест месеци пред тие да бидат прикажани во националните парламенти. Ако некоја земја оди кон дефицит, таа ќе мора тоа да го оправда на останатите членки на ЕУ, додека пак земјите со долг поголем од 60% од БДП ќе се соочат со уште поголема контрола.
Овие планови ќе се спроведат во сите земји-членки на ЕУ,не само на еврозоната, и мора да бидат одобрени од лидерите на ЕУ заедно со предлозите за земјите да се соочат со санкции пред да го достигнат лимитот од 3% според Пактот за стабилност и раст. [[Полска]] ја критикуваше идејата за задржување на регионалните финансирања за оние земји кои ќе го надминат дефицитарниот лимит,бидејки тоа ќе влијае само на посиромашните земји. Во [[јуни]] [[2010]] [[Франција]] се согласи да го поддржи планот на [[Германија]] за укинување на правото на гласање на земјите кои ги прекршуваат правилата. Во [[март]] [[2011]] беше започната нова реформа од Пактот за стабилност и раст со цел да ги зацврсти правилата со усвојување на автоматска процедура за наметнување на санкции во случај на прекршување на правилата за дефицит или долг.
{{Нормативна контрола}}