Македонска православна црква - Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 26:
 
== Историја ==
=== Рано христијанство ===
 
[[Христијанство]]то во [[етничка Македонија]], па и пошироко на [[Балкан]]от, прв го проповеда и шири [[Апостол Павле]] при своите мисионерски патувања, за што сведочат и „Делата Апостолски“. На тие негови патувања го придружуваат и [[апостол Лука|Лука]], [[апостол Тимотеј|Тимотеј]], [[апостол Сила|Сила]] и [[апостол Тихик|Тихик]] кои и самите независно од апостол Павле работат на [[христијанизација]] на овие простори. Низ Македонија проповеда и [[Апостол Андреј Првоповикан]] кој и го поставува [[апостол Урбан]] за прв епископ во Македонија. [[Апостол Силуан]] бил првиот епископ во [[Солун]], а [[Епафродит]] во Адрија или Адријакија (погранично место со [[Тракија]]). Што значи дека уште тогаш се поставени темели на организирана [[Црква]]. Би спомнале тука и дека апостолите [[Аристарх]] и [[Секунд]] биле Солунјани, [[Епафродит]] бил од [[Филипи]], а [[Гај]] од [[Добер]] (Дервија) кој се лоцира накаде меѓу [[Струмица]] и [[Валандово]]. Во тоа време Македонија била под [[антички Рим|римска]] власт така што често ги менувала своите граници и својот етнички состав. Како резултат на христијанизацијата извршена во првите три века, веќе на почетокот на IV век Христијаните на просторот на Македонија имале организирана Црква со црковна ерархија, чии епископи понатаму редовно учествуваат на помесните и [[вселенски собор|вселенските собори]].