Хотел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување, викификација
сНема опис на уредувањето
Ред 8:
Зборот „хотел“ настанал од францускиот збор ''hôtel'' (од [[фр.]] „hôte“ што значи ''гостин'') кој означувал секаков вид на градба која на посетителите им нудела сместување. Во современиот француски речник, овој збор има исто значење како и во македонскиот.
 
Хотелските објекти може да се поделат според големината, функционалноста и цената. Според овие критериуми, постојат неколку категории на хотели, почнувајќи од стандардите хотели со повеќе ѕвездички сѐ до [[ботел]]от. Постојат и повеќе хотелски синџири кои имаат свои објекти ширум светот. Од нив се издвојуваат: [[Хилтон (хотелски синџир)|„Хилтон“]], [[Мариот (хотелски синџир)|„Мериот“]], „[[Хајат]]“ и „[[Холидеј Ин]].
 
За најстар хотел во светот се смета „Нисијама Онсен“ од префектурата Јаманаши, Јапонија. Тој почнал со работа уште во 707. година од нашата ера и бил управуван од истото [[семејство]] цели 46 генерации. Според [[Гинисовата книга на рекорди]], хотелот близу селото Измајлово, [[Москва]], се смета за хотелот со најмногу соби (7.500). Исто така, недалеку од германскиот остров на [[Балтичко Море|Балтичкото море]], Руеген, се наоѓа хотелот „Прора“, кој е најголемиот хотел на светот, со 10.000 соби, но веќе неколку децении тој не се користи како хотел. Тој бил изграден меѓу [[1936]] и [[1939]] година, а по [[Втора светска војна|Втората светска војна]] служел како воен комплекс.<ref>„Хотел без гости“, ''Дневник'', година XIX, број 5794, петок, 19 јуни 2015, стр. 24.</ref> Од друга страна, пак, највисокиот хотел е сместен во [[Хонг Конг]]. Се вика „Риц-Карлтон“, а неговата височина е 484 [[Метар|метри]], со 312 соби за издавање.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хотел