Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
'''Зовиќ''' или '''Зович''', на местен народен говор '''Бзовиќ''' е село во битолскиот дел на областа [[Мариово]] во рамки на [[Општина Новаци]] и пошироката околина на градот [[Битола]].
== Географиja и местоположба ==
[[File:Зовички Мост и Градешка Река.JPG|thumb|мини|лево|Зовичкиот мост ина [[Градешка Река]]]]
Селото Зович се наоѓа во средишниот дел на областа [[Мариово]]. Припаѓа на [[Општина Новаци]] и со тоа влегува во рамки на пределот на битолско [[Мариово]]. Сместено е на една карпеста зарамнетост веднаш над самиот лев брег на [[Градешка Река]]. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка [[Црква „Св. Атанасиј“ - Зовиќ|Свети Атанасиј]], во подножјето на висорамнината Добро Поле. Иако куќите на селото лежат во благо зарамнетото подножје помеѓу двата ридови, според надморската височина Зовиќ е ридско село. Крај селото веднаш по познатиот [[Зовички мост]], Градешка Река која извира и дотекува од планината [[Ниџе]] навлегува во карпеста клисура од каде кај местноста Еленик се спојува со реката [[Сатока]] која потоа се влева во [[Црна Река]]. Од градот [[Битола]] е одалечено околу 70 километри<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref> во источен правец и е поврзано со колски пат кој се одвојува како крак од асфалтниот пат кој оди преку селата [[Рапеш]] и [[Маково]]. Преку велосипедска и пешачка патека кон север во должина од 11 километри или 3 часа одење пеш минувајќи преку реките Градешка и [[Сатока]], Зович е поврзано со селото [[Манастир (село)|Манастир]] во прилепскиот дел на [[Мариово]]. По оваа патека минуваат големата велосипедска и пешачко-планинарската тура во рамки на фестивалот [[Mariovo Off-Road Experience]]. На средина од самото село има кладенец со многу питка и студена вода, а во селото има повеќе чешми и извори. Во селото има голем број на оревови и сливови дрвја, смокви, дабови, тополи и нискостеблести грмушки. Атарот на селото Зовиќ зафаќа прилично голем простор од 22,3 км² и административно катастарски е разделен на два дела: Зовиќ I и Зовиќ II<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Така, атарот на Зовиќ I се допира до просторот на територијата на [[Општина Прилеп]] на север, а атарот на Зовиќ II во кој е расположен на надморска височина од 680 метри се допира со државната граница со [[Грција]] на југ. На атарот преовладуваат пасиштата на површинаод 1.128,9 ха, на обработливото земјиште отпаѓаат 644,8 ха, а на шумите 257,8 хектари<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Местности и предели во атарот на Зовиќ се: Еленик, Долго Брдо (веднаш на југ од селото), Марита (веднаш на север од селото), Момилот, Булјак, Длабок Дол, Песјо Поле, додека кон Чебрен и Црна се потезите Дункова Стена, Војник, Доќимот Брдо.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ