Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
Според пописот од 2002, селото брои 31 жител, сите [[Македонци]].
 
Селото Зовиќ од секогаш било населено исклучиво со [[Македонци]], а од шеесетите години на ХХ век бележи постојан пад на бројот на населението при што се наоѓа во состојба на раселување. Во 1953 година селото броело 356 жители, а во 1961 година пораснало на 388 жители со што било средно по големина<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>. Веќе во 1994 година бројот на жители се намалил дури на 54<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 132}}</ref>, а во 2002 на 31 жител. Моментално во селото постојано живеат 7 домаќинства со 20ина жители. Голем број на поранешни иселени жители и нивни потомци сѐ уште поседуваат и ги посетуваат своите куќи, од кои дел се обновени, а дел ги обработуваат и своите имоти. За време на летниот период, селските празници и одржувањето на Зовичката средба во селото има и до стотина луѓе.
===Родови===
Во селото Зовиќ од секогаш па сѐ до денес живееле исклучиво [[Македонци]] од [[Православие|православна христијанска]] вероисповед. Скоро сите родови во селото се старинечки односно староседелски преселени од старото село Лениште или Зович. Можно е некои од селските родовите да потекнуваат и од блиското одамна раселено село [[Чебрен]]. Преостанатите жители кои денес живеат во Зовиќ припаѓаат на следните македонски родови: ''Скаклевци'' кои се староседелци дојдени од старото село Лениште или Зович I како деленици од 3 браќа дамнешни прадедовци<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>. Староседелци и најверојатно нивни деленици се и родот ''Секилковци'' чиј предок дедо Богдан е насликан како еден од ктиторите на селската црква. Исто така старинци се и родот ''Ангелевци'' чиј предок дедо Анѓеле е исто така насликан во селската црква како ктитор. Останати македонски родови во Зович се ''Недановски'', ''Каровци''<ref>Според кажување на Миле Скаклевски (р.1931) и Сава Скаклева (р.1933) од селото Зовиќ. Забележале Марио Шаревски, Тони Ристовски и Ѕвонко Петровски на 30.05.2015</ref>, ''Кулевски'' кои можно е да припаѓаат или да се во подалечна роднинска врска со познатиот мариовски македонски род Кулевци од блиското мариовско село [[Крушевица (Прилепско)|Крушевица]] преку [[Црна Река]] од кои потекнува познатиот војвода [[Толе Паша]]. Поради непосредната близина брачни врски најчесто се склопувале со девојки од селата [[Чаниште]], [[Манастир (село)|Манастир]], [[Старавина]], [[Градешница]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ