Зовиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23:
 
== Стопанство ==
Според составот на селскиот атар Зовиќ има поледелско-сточарска функција. Малубројното преостанато постојано население, како и дел од иселениците и некогашни жители кои ги посетуваат своите имоти, се занимаваат со земјоделство односно со градинарство исклучиво за задоволување на сопствени потреби. Од градинарството најмногу се одгледуваат краставици, кромид, марули, лук, домати (патлиџани). Поради тоа што обработливата земја во градините е многу тенок слој на почва црница и лежи врз карпи краставиците и другите плодови иако се со помала големина се одликуваат со многу убав и специфичен вкус. Во самото село и непосредната околина на повеќе ниви се одгледува и компир, а во помала мерка и жито, најмногу пченица и 'рж. Од сточарството најзастапено е одгледувањето на овци и крупен добиток како крави и телиња во помал број, од чие млеко се прави познатото мариовско биено сирење, кое самите [[Мариовци]] го нарекуваат „тепано“. Сите куќи одгледуваат и доста живина односно кокошки и мисирки. Во селото има голем број на оревови дрвја кои раѓаат многу јадри и благи ореви. Од неодамна на сретселото во Зович постои и „етно-куќа“ која е отворена за посетителите, а во иднина може да развива поголема угостителска дејност.
 
== Население ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зовиќ