Рак на грлото на матката: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Пренасочување кон Рак на грло на матка
 
Ред 1:
#пренасочување [[Рак на грло на матка]]
 
{{Infobox disease
| Name = Рак на грлото на матката
| Image = Diethylstilbestrol (des) cervix.jpg
| Caption = Рак на грлото на матката
| DiseasesDB = 2278
| ICD10 = {{ICD10|C|53||c|51}}
| ICD9 = {{ICD9|180}}
| ICDO =
| OMIM = 603956
| MedlinePlus = 000893
| eMedicineSubj = med
| eMedicineTopic = 324
| eMedicine_mult = {{eMedicine2|radio|140}}
| MeshID = D002583
}}
Ракот е група на различни заболувања чија заедничка карактеристика е неконтролирана поделба на ќелиите. '''Ракот на грлото на матката''' е најчесто [[малигно заболување]] на [[женските полови органи]] .
:Ракот на матката се дели на:
* рак на вратот на матката ('''carcinoma colli uteri''')- кој се дели на '''carcinoma portionis vaginalis uteri''' и '''carcinoma cevicicis uteri'''
*рак на телото на матката ('''carcinoma corporis uteri''')
Најголем [[број]] на жените заболуваат после 45 година. Поретко се јавува кај:
*девојки пред [[пубертет]] - 4 %
*измеѓу 45-59 години - 22%
*измеѓу 30-44 години - 45%
*измеѓу пубертет и 30 години 16%
Веќе е пронајден кај 7 девојчиња под 12 години и 11-месечно бебе. Најчесто се јавува кај повеќе родки,а кај жени кои не раѓале само кај оние со конституциски дефекти на матката,со касна menarha,dismenorea,oligomenorea и стерилитет. Затоа се препорачуваат помасовни прегледи на жената ,барем секоја жена да се прегледува еднаш годишно, и да прави редовни контроли кај својот гинеколог.
 
==Етиологија==
Постојат повеќе од 20 ризични фактори за појава на [[carcinoma cervicis uteri]]:
*голем број на различни сексуални партнери;
*инфекција со human [[papiloma virus]];
*хронични инфекции со [[гениталните органи]];
*низок социоекономски статус;
*пушење;
*избегнување на гинеколошки контроли и [[Пап тест]].
Ракот настанува ретко на нормален,плочест епител на цервиксот или на нормален цилиндричен, жлезден епител на цервикалниот канал.Често расте на абнормален и патолошки епител. Нормален епител може да биде подлога за настанување на ракот,веројатно од свoјот базален слој, коj физиолошки има функција на регенеративен слој. Во тој случај има доволно многу свежи и недиференцирани клетки,кои подржани од канцерогениот агенс во организмот ствараат атипија и рак. Поготово ракот на регенеративниот слој на епителот, кој настанува поради трауми, хормонски или гестациски предизвикувач,во себе има доволно места и фактори за карциномска алтерација. Таков епител има на местото на дефектот на разни места псеудоерзија,ектопија,метаплазија на стар недоволно зарастен [[епител]] од пораѓај, на кој слузницата од [[цервиксот]] е ектопинирана. Епителот на тоа место станува: ''абнормален'', '''хиперактивен''' и '''атипичен''' и тогаш се јавуваат добро изразени цитолошки атипии кои се меѓу себе различни, па тогаш е започнат карциномскиот процес.
 
==Интраепителијална неоплазина==
Ракот на грлото на матката се развива полека во период од 2 до 10 години и по правило му претходи предканцерогена состојба,која стручно се нарекува интраепителијална неоплазија. Ваквите предканцерогени промени кои му предходат на ракот на грлото на матката,долго време биле познати под името дисплазија. Овај поим првпат го употребил Реган во 1953 год. Набрзо после тоа е поделена на 3 степени: блага,умерена и тешка дисплазија. Додека пак поимот интраепителијална неоплаија има за цел да го обидини континуитетот на процесот кој се одвива во епителот од најблаг до најтежок степен. Поделбата на степените од 1-3 е поврзана до дебелината на епителот кој ја зафаќа атипичната ќелија. Овие степени се означуваат како
*'''CIN'''-цервикална интраепителијална неоплазија;
*'''CIN-1''' претставува најблаг облик на интраепителијална промена на плочестиот епител на грлото на матката кој не зафаќа повеќе од една третина од дебелината на плочестиот епител,односно се работи за предканцерозна состојба и притоа нема место за страв,доволно е да се направи детален преглед и да се одреди соодветна терапија;
*'''CIN-2''' претставува средно пореметување во кое промените зафаќаат помалку од две третини од дебелината на епителот. Предизвикувач и овде е папилома вирусот и е неопходно лекување,особено кај младите жени бидеќи се можни несакани последици во бременоста;
*'''CIN-3''' претставува тешко пореметување во кое промените зафаќаат и повеќе од две третини од дебелинат на епителот. Ознаката cis се однесува на плочестиот епител во целата негова дебелина и притоа не ги надминува неговите димензии, додека ознаката IC означува карцином на целата дебелина на епителот, надминуваќи ги неговите димензии. Времето на развој од CIN до CIS може да биде и до неколку години.
==Предизпонирачки ризик фактори==
Во однос на факторите на ризик за настанувањето на [[карциномот на грлото на матката]] има околу 20 различни фактори меѓу кои има група на позначајните:
*ран [[сексуален контакт]];
*честа промена на партнерот;
*[[пушење]];
*лоша генитална хигиена;
*низок социоекономски статус;
*инфекции на гениталните органи;
*избегнување на гинеколошка контрола;
*поголем број на пораѓаи;
*инфекции со ХПВ(хуман папилома вирус) и ХСВ(херпес симплекс вирус).
Пред повеќе од 150 год. е поставена хипотезата на вирусната етиологија на ракот на грлото на матката. Благодарение на напредната технологија и молекуларната биологија се истражувал тој вирус и се запознаени разлличните ХПВ-а. Денес се откриени и повеќе од 100 типови на ХПВ, поврзани со спектар на болести а 30 до 40 ја напаѓаат гениталната слузница, поделени на ниско и високо ризични. Поврзаноста на малигните од предмалигните заболувања на грлото на матката и некои типови на ХПВ е релативно добро испитано и притоа е забележано присуството на ХПВ во 44-77 % од случаите CIN1, 69-91% од случаите на CIN2 и 86-100 % од случите на CIN3.
# Разликуваме 3 типови на ХПВ:
*'''ХПВ''' типови со низок ризик-(предизивикуваат бенигна кандилома односно генитални брадавици и предмалигни промени на мгрлото на матката-CIN1);
*'''ХПВ''' типови со среден ризик;
*'''ХПВ''' типови со висок ризик(предизвикуваат промени на грлото на матката со среден и висок степен на малигност-CIN2 и CIN3.
Гениталниот ХПВ се пренесува преку било кој облик на полов контакт воглавно дирекетен контакт со инфицирано грло на матка. Инкубацијата на ХПВ гениталната инфекција е релативно долга од 2-9 месеци. Самотрајната зараза со онкогени ХПВ типови може да доведе до рак на грлото на матката(трајна или инфекција која се поновува). ХПВ вирусот е доста чест, се смета дека 50-80% од жените се заразуваат со ХПВ а повеќе од 50 % се заразени со онкогени типови на ХПВ. Во 99% онкогените ХПВ високо ризични типови можат да се откријат кај цервикалниот карцином.
:'''Како да се намали ризикот од оваа инфекција?'''
*моногамност(долготрајна врска со незаразен партнер);
*намалување на бројот на сексуални партнери;
*избегнување на партнер кој има кондилома;
*користење кондом;
*редовен ПАП-тест.
 
==Симптоми==
Во однос на симптомите почетниот симптом претставува наголемен,валкан,нечист исцедок кој скоро секогаш е измешан со крв пропратен со непријатен мирис. Крварењето може да биде контактно кое баш и нема врска со менструацијата, тоа може да даде сомнение кај жената,потоа крварење во текот на сексуален однос или мегу две менструации. Може да биде и продолжено менструално крварење или крварење после менопауза. Болката се јавува веќе во вториот стадиум од болеста кога карциномот ја зафатил параметријата која е богата со нерви. Најчесто се чувствува болка во крстот,а поретко во долниот дел на абдоменот.
 
==Дијагноза==
Дијагнозата на ракот на матката ја дава гинеколог или уролог, се поставува преку повеќе наини:
*гинекололошки преглед;
*цитолошки испитувања;
*колпоскопија;
*биопсија со хитолошка анализа;
*конзиција со хистолошка анализа.
Папаниколау тестот всушност претставува боење по методот папаниколау на земениот цистолошки брис од површината и од каналот на грлото на матката за рано откривање на келиските промени кои му претходат на карциномот. Земањето на брис е безболно и трае многу кратко,после боењето следи микроскопска анализа која се дава според морфолошките особини на келиите. Папаниколау брисот треба да се земи после сексуална апстиненција, а при земањето забранети се вагинални испитувања со цел да се обезбедат доволен број на келии. (стр. 12 слика бр.3)
# Постојат 5 групи на ПАПА класификација:
*1 и 2 група се подразбира нормален наод;
*3 група е сумлив наод, треба лечење на евентуалното присутното воспаление,контрола на брис,задолжително да се направи и колпоскопија и биопсија;
*4 група е средна до тешка дисплазија;
*5 група е инвазивен карцином.
Со примената на цитолошките прегледи на брис на грлото на матката во 79% случаеви дијагнозите се точни. Колпоскопијата претставува примарен дијагностички метод каде во 87% е неговата точност самостојо,а заедно со цитолошкиот метод 98%. Колпоскопот го открил Ханс Хинселман во 1925 годina. Тој претставува стерескопски бинокуларен инструмент со кој се набљудува слузокожата на грлото на грлото на матката,како и останатите органи на долниот дел на гениталниот тракт. Пред самиот преглед површината која се набљудува се премачкува со физиолошки раствор. При колпоскопските наоди се користи римската класификација која колпоскопските слики ги дели во 5 групи.
*нормален колпоскопски наод;
*абнормален колпоскопски наод;
*колпоскопски сумлив инвазивен наод;
*незадоволителен колпоскопски наод;
*разновидни копоскопски наоди.
Посебно значење се придава на абнормалните наоди како можни маркери за интраепителијална неоплазија-CIN. Колпоскопскиот преглед има големо значење во донесувањето на одлуката кој вид на третман ќе се преземе кај пацинетката со наод на CIN. Другите дијагностички методи опфаќаат примена на биопсија над контрола на колпоскоп,киретажа на каналот на грлото на матката и дијагностичка конизација. Дефинитивна дијагноза за рак на грло на матка се поставува после хистолошкиот преглед на биоптичкиот пример замен од сумливото место. Пред бипсијата се прави шилерова проба. Патологот ќе го утврди степенот на заболеност на земениот примерок по пат на биопсија. Конизацијата е најагресивната дијагностичка метода која подразбира искевање на дел од грлото на матката и истовремено обезбедува најадекватен материјал за поставување на точна дијагноза.
 
==Лекување==
Лекувањето зависи од самиот тумор,колку длабоко има продрено,волуменот,големината на туморот,возраста на болната и желбата за раѓање. Пред тоа се состои од :
# Oперативен зафат(ексцизиони техники) преку кој се отстранува дел од грлото на матката или цела матка,се опфаќа:
*конизација со нож;
*конизација со ласер.
*лооп ексцизија;
*хистеректомија.
# Радиотерапија
# Кемотерапија
 
==Превенција==
Како најдобар метод на превенција од ХПВ вирусот засега се користи вакцината ГАРДАСИЛ. Според испитувањата оваа вакцина добро делува против заразата од вирусот ХПВ 16 и 18 кој 70 % предизвикува рак на грлото на матката. Се прима од 11 до 25 год. и тоа во идеални случаеви се дава пред жената да стане сексуално активна. Се дава интрмускулно во три дози: втората доза после 2 месеци од првата, а третата после 6 месеци.
{{Медицина-никулец}}
{{никулец}}
[[Категорија:Болести]]