Гранд хотел Будимпешта: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Varlaam (разговор | придонеси)
с IMDb
Varlaam (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
Гранд хотелот „[[Будимпешта]]“ е поранешен прославен [[хотел]] на [[Алпите]], но веќе е подзаборавен и запуштен. Во хотелот престојува еден [[писател]] (го игра Џад Ло), кој разговара со сопственикот на хотелот, господинот Мустафа (го игра Ф. Мареј Абрахам), кој му ја раскажува својата приказна. Своевремено, главна личност во хотелот (чиј сопственик никогаш не бил јавно познат) бил рецепционерот Густав (го игра Фајнс), кој ги држел сите конци во [[Раце|рацете]]. Истовремено, тој бил голем заводник и одржувал врски со многу жени, меѓу кои и старата Мадам Д. (ја игра Свинтон).
 
Еден ден, во хотелот пристигнува младо момче (го игра Револори), кое избегало од својата земја поради разурнувањата предизвикани од [[Војна|војната]]. Момчето работи како потрчко во хотелот и Густав го зема под своја заштита, зашто и тој самиот кариерата ја започнал на тоа работно место. Мадам Д. ненадејно умира и Густав и момчето одат во нејзината куќа за да се збогуваат од неа. Тогаш, [[Aдвокат|адвокатот]] го чита тестаментот на починатата, а нејзиниот син Дмитри (го игра Броди) не е задоволен од тоа што Мадам Д. му оставила на Густав една многу скапа слика. Тогаш, Густав и момчето ја крадат сликата и бегаат, но подоцна Густав ќе биде затворен под сомнение дека тој ја убил Мадам Д.
 
Во [[Затвор|затворот]], Густав се спријателува со група затвореници, кои му го соопштуваат својот план за бегство. Во тоа им помага девојката на потрчкото, која на затворениците тајно им доставува алати за копање, скриени во торти. Густав успева да избега од затворот, но [[Полиција|полицијата]] е во потрага по него. Истовремено, Дмитри го ангажира ладнокрвниот убиец Џоплинг (го игра Дефо) во потрага по колегата на Густав, Серж (го игра Амалрик) кој ја поседува копијата од вториот тестамент на Мадам Д. Џоплинг извршува серија [[Убиство|убиства]], вклучувајќи го и Серж, а во моментот кога сака да го убие Густав, хотелскиот потрчко успева да го турне во провалија.