Борислав Пекиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
го тргам делот што не е на македонски
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
 
Роден е во [[Подгорица|Подгорица]] 1930. Неговиот татко, Војислав Д. Пекиќ, во Кралството Југославија бил висок државен чиновник, така да од раѓањето на Борислав до 1941. живееле во [[Бечеј|Стар]] и [[Нови Бечеј|Нов Бечеј]], [[Мркоњиќ Град]], [[Книн]] и [[Цетиње|Цетиње]].<ref name="Борислав Пекиќ 1930 — 1992"/> На почетокот на [[Втора светска војна|Втора светска војна]], италијанските окупациони власти ги протерале од Цетиње за Србија.<ref name="Борислав Пекиќ 1930 — 1992"/> Неговата фамилија се населила во [[Баваниште|Баваниште]] (јужен Банат), а 1945. се отселила во Белград.<ref name="Борислав Пекиќ 1930 — 1992"/> По преселбата во Белград 1945, образованието го продолжил во Трета машка гимназија, каде матурирал 1948.<ref name="Борислав Пекиќ 1930 — 1992"/> Набргу после тоа бил уапсен.
 
Како припадник на СДОЈ е осуден на петнаесет години робија со принудна работа. Казната ја издржувал во КПД Сремска Митровица и КПД Ниш. Помилуван е после пет години, во 1953. година. За време на темнувањето зачнати се многу идеи кои потоа ги развил во своите главни романи.
 
Студирал експериментална психологија на Филозофскиот факултет во Белград (1954—1958).
 
 
1958. година се оженил со инженерка по архитектура Љиљана Глишиќ, внука на др Милан Стојадиновиќ, кој бил претседател на влада на Југославија (1935—1939) и министер за финансии. Година дена подоцна им се родила ќерка Александра. 1959.година исто така го напишал својот прв од преку дваесет оригинални филмски сценарија за главните филмски куќи во Југославија, меѓу кои и Ден четиринаести, кој ја претставувал Југославија на Канскиот филмски фестивал 1961. године.
 
 
 
Со години Пекиќ работел на неколку романи, а кога првиот од нив, Време на чуда (1965), е штампан, привлекол внимание на голем број читатели, како и книжевни критичари. Овој роман 1976. е издаден на англиски од страна на Harcourt Brace Jovanovic во Њујорк како Time of Miracles (Време на чуда). Преведен е на француски 1986, на полски 1986, романски 1987, италијански 2004. и грчки 2007. Првиот роман на Пекиќ јасно укажал на две важни карактеристики на неговата работа, оштар антидогматизам и константен скептицизам во поглед на можен „прогрес“ на човештвото кој е достигнат во тек на својата историја.
 
Во период помеѓу 1968. и 1969. Пекиќ бил еден од уредниците на „Книжевни новини“. Неговиот втор роман е Ходочесништво на Арсение Његован (1970), во кој, помеѓу останатото, дал слика на студентскиот протест 1968. во Југославија. Иако идеолошки се дистанцирал од ова опозициско движење, новата политичка клима и понатаму го комлицирала неговиот однос со власта, така да година дена бил без пасош. Романот сепак ја добил Нин-овата награда како најдобар југословенски роман таа година.