Гостивар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 107:
Сепак, по силните аварско-словенски продори во доцниот 6. век н.е. сите тврдини се напуштени но не во целост и срушени. Поголемиот дел од нив, два-три века подоцна, кога повторно е воведена стабилна државна организација, повторно ќе бидат обновени со истата намена, но овојпат тие ќе бидат населени од доминантното словенско население поставувајќи ги темелите за новите средновековни гратчиња.<ref name="gavro"/>
 
=== Среден Веквек ===
Кога [[Словени]]те дошле во полошката област, рамничарските населби биле напуштени. Еден дел од староседелците се повлеклке во некои од пооддалечените, мали планински сточарски населби. Главно, словенското население ги населило најважните места во рамницата, на која и дале ново, словенско име, нарекувајќи ја „подлог“ (Полог), веројатно со значење „под гора“, „под планина“. Во [[10 век|Х век]] Византијците повторно воспоставиле контрола врз целото полошко подрачје, ги укрепиле најважните разурнати тврдини и во нив воспоставиле постојано војничко присуство. Потоа, неколку децении полошката област била во состав на [[Самуиловото царство]], по чија пропаст повторно потпаднала под [[Византија]]. Во [[1282]]-[[1283|83]] година, полошкиот крај потпаѓа под власт на [[Срби]]те, на чело со кралот [[Милутин]]. Инаку, Гостивар како населено место прв пат е споменат во една повелба на Милутин од [[1313]] година, под името Банска (Бањица), и тоа како село во јужниот дел на [[Полог|Полошката котлина]] со околу 200 жители. Во повелбата се споменува и гостиварскиот средновековен манастир. За време на владеењето на Милутин, во Полошката Котлина било колонизирано српско население. Но, затекнатите Византијци си ги задржале своите права и поседи. Гостивар како селска населба се споменува и за време на Душановото царство, под името '''Белика''', според средновековното име на реката [[Вардар]].
 
 
=== Османлиски Период ===