Теофраст: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
+img
Ред 7:
Теофраст се прославил во целиот [[антика|антички]] период за време на Македонската империја, во Академијата која ја наследил од Аристотел, имал повеќе од 2.000 ученика. Тоа предизвикало завист кај [[Софокол]] (не е [[поезија|поетот]] [[трагедија|трагичар]]), син на [[Амфиклид]], кој тогаш бил [[Претор (титула)|претор]], па издал Закон против собирањето на групи, забрана за философите да предаваат, под закана со смртна казна. Теофраст и неговите ученици му се потчиниле на овој Закон; но следната година, кога [[Фелон]] ја зазел функцијата претор на [[Атина]], Атињаните го укинале овој срамен Закон, го осудиле Софокол да плати казна од пет [[талант]]и и им ги вратиле правата на Теофраст и на сите философи.
 
[[Image:Theophrastus - Historia plantarum, 1549 - 3034262.tif|thumb|''Historia plantarum'', 1549|left]]
Негови се две ботанички дела, ''"Историја на [[растенија]]та"'' во девет книги, ''"Потекло на растенијата"'' <ref>[http://www.biologie.uni-hamburg.de/b-online/e01/01a.htm First Scientific Descriptions] [[англиски јазик|анг.]]</ref>во шест книги, во кои опишал 550 видови растенија, со што станал основач на [[ботаника]]та како [[наука]]. Исто така, негово е и делото ''"Карактери"'' кое подоцна служело како извор од кој се црпеле известувања за развојот на [[философија|философските]] сфаќања. Овие три дела на Теофраст се сочувани до денес, меѓутоа изгубено е делото “За стилот“ кое се занимавало со прашањата на книжевната теорија и стил. Делумно се сочувани делата ''"Метафизички апории"'' и ''"Историја на [[физика]]та"''. Неговите расправи за [[логика]]та се коментари и дополнувања на Аристотеловиот ''"[[Органон]]"''.