Секирци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 25:
Името на селото Секирци потекнува од зборот ''секира''. Според историското предание денешното село Секирци било основано на земјиште кое „сето било ади, пустарица, обраснато со грмушки“, поради што првите доселеници морале да ја крчат шумата<ref name=jovantrifunoski>{{цитирана книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=српски| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 | page = 369}}</ref>. Добри дабови шуми околу Секирци имало до пред 140 години. Можно е поради ова големо сечење на шумата со секири, селото да го добило своето име Секирци.
 
== Економија и стопанство ==
[[Податотека:Collar-Sekirci.jpg|thumb|left|Јака од женска кошула, везена со аловна, црна, модра и зелена волна. Техника „грабено“. С.Секирци, Прилепско поле, почеток на XX век]]
Според составот на атарот селото Секирци има исклучиво поледелска функција. Во 1953 година била основана државната задруга „Напредок“ која зафатила околу 120 хектари земја во атарот на Секирци. Потоа биле земени и помали делови од атарите на околните села Костинци и Пешталево. До Втората светска војна селаните највеќе произведувале жито, додека сега главен производ е тутунот. Во 1954 година секое семејство од продадениот тутун просечно добивало по 150.000 динари.
 
== Население и демографија ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Секирци