Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
Бришење на "Tondo_Andon_Kalchev.gif", беше избришана од Заедничката ризница од страна на JuTa пор
Ред 58:
 
Групата Чкатров - Ѓузелов била загрижена за развојот на македонското националноослободителното движење под бугарка окупација, отука тие настојувале да изнајдат начини и средства за попречување на ослободителната борба. На 4 и 5 јули 1942 година, оваа група подготвила барање до бугарскиот цар [[Борис ІІІ]], во кое ги истакнале проблемите: распарченоста на Македонија, отсуство на македонски претсавници од Вардарска Македонија во бугарското собрание, аграрна реформа, пропустите на окупациските власти, нередот во снабдувањето, грубоста на полицијата, бирократското чиновништво и запоставувањето на домашната интелегенција. Оваа групација се залагала за воружувањето на оделни селани или цели села за борба со партизанските одреди. Тие биле иницијатори и зачетници за создавање на [[Михајловистички контрачети во Вардарска Македонија|контрачетите]].
[[Податотека:Tondo Andon Kalchev.gif|мини|лево|150п|Андон Калчев]][[Податотека:Кирил Дрангов, син на Борис Дрангов и член на ВМОРО на панахида на баща си в Скопие в 1942г..jpg|мини|десно|200п|Кирил Дрангов, син на [[Борис Дрангов]] и член на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] на панахида на својот татко, Скопје, 1942 година]]
[[Михајловисти]]те во април 1942 година го посетиле [[Ванчо Михајлов]] во [[Загреб]]. Бугарската влада за да го исползува тоа, посветила посебно внимание во контактите со него и во заживувањето на дејноста на неговите соработници. Михаиловистите честопати се јавувале како советодавни органи во врска со мерките кои бугарските власти ги преземале притив партизаните и ПК на [[КПЈ]] за Вардарска Македонија. Михаиловистите барале некои села да бидат воружени за борба против партизанските одреди. Михаловистите непосредно соработувале и со гереманските власти, а во 1942 година тие формирале бугарско-германски клубови. Михајловистите сметале дека со подршката на Германците ќе ја преземат сета власт во Македонија. Преку бугарско-германските клубови се пропагирал [[Националсоцијализам|Националсоцијализмот]], како и силата и величината на [[Нацистичка Германија]]. Овие клубови истовремено дејствувале како инструменти на [[Гестапо]].