Јагуар: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 22:
'''Јагуарот''' ({{науч|Panthera onca}}) — [[големи мачки|голема мачка]] од [[род]]от [[пантери]]. Ова е единственото животно од родот пантери кое живее во [[Америка]]. Јагуарот е трета најголема [[Felidae|мачка]], зад [[тигар]]от и [[лав]]от, и најголема и најмоќна мачка во [[западна хемисфера|западната хемисфера]]. Денешната распространетост на јагуарот се протега од [[Мексико]] преку поголемиот дел на [[централна Америка]], до [[Парагвај]] и северна [[Аргентина]]. Освен една позната популација во [[Аризона]] (југозападно од Тускон), оваа голема мачка изумрела во [[САД]] за време на раните 1900-ти. Сепак постои голема можност ненабљудувани популации на јагуар да живеат во јужна Аризона, Ново Мексико па дури и Тексас.
Оваа дамчеста мачка физички доста е слична со [[леопард]]от, иако најчесто е поголема. По однесувањето и живеалиштето многу е поблиска до тигарот. Омилено живеалиште на јагуарот се густите [[дождовна шума|дождовни шуми]], но го среќаваме и во многу други шумски и отворени животни средини. Секогаш живее во близина на вода, и како тигарот, е една од ретките мачки кои уживаат во пливањето. Јагуарот е [[самотно животно]],
Јагуарот е [[речиси загрозен вид]] чија бројност полека опаѓа. Главна закана претставува уништувањето на природното живеалиште, како и раздвојување на популациите. Иако меѓународната трговија со јагуари или нивни делови е забранета, оваа голема мачка се уште е убивана од луѓето, најчесто од страна на ранчери и фармери од [[Јужна Америка]]. Територијата на распространетост иако е намалена сепак останува доста голема. Јагуарот е значаен дел од [[митологија]]та на бројни староседелски американски култури, вклучувајќи ги и оние на [[Маи]]те и [[Ацтеки]]те.
|