Слобода на печатот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 18:
- ,,Фридом хаус" ,исто така, ги проучува поопштите политички и економски средини на секоја нација, со цел да утврди дали постојат односи на зависност кои во пракаса го ограничуваат нивото на слобода на печатот која теоретски постои. Значи концептот на независност на печатот е тесно поврзан со концептот на слобода на печатот.
 
=== Индекс на слобода на печатот во светски рамки ===
 
Секоја година, Репортери без граници (РБГ), прави рангирање на земјите во однос на слободата на печатот која ја има кај нив. Листата на индекс на слобода на новинарите во светски рамки се базира на одговори на анкети пратени на новинари кои се членови на партнерски организации на РБГ, како и специјалисти од поврзани области , правници и активисти за човекови права. Во анкетата се поставуваат прашања за дирекни напади на новинари и медиуми како и за други индиректни извори на притисок врз слободниот печат, како на пример невладини организации. РБГ е внимателен да напомене дека индексот се занимава само со слободата на печатот,а не го мери квалитетот на новинарите.