Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Мала Речица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
Местото на кое се наоѓа манастирот преставува еден вид на стара населба која е рамнинска, на [[надморска височина]] од 490 метри. На локалитетот на кој се наоѓа манастирот, според историските податоци, населби со православно македонско население имало уште од [[11 век]], а се споменува дека постоеле 16 цркви и манастири. За поголем дел од нив нема материјални траги на лице место, бидејќи се разурнати со доаѓањето на [[Албанци]]те од планинските делови на [[Албанија]], на овие простори. Постојат остатоци од црквите „Света Недела“, „Света Богородица“, „Свети Атанасиј“, како и сега остатоците од опожарениот манастир „Свети Ѓорѓи“.
 
Црквата "Свети Ѓорѓи" како [[црква|православно светилиште]], според црковните книги се споменува уште во [[13 век]], додека фрескоживописите потекнувааатпотекнуват од [[14 век]]. За време на турското владеење, црквата била во два наврати уништувана. Во [[1920]] година вршени се ископувања и пронајдени се темелите на старата црква. Во [[1936]] година врз темелите на старата црква се возобновува денешната црква, од ктиторот '''Ѓоце Митрушевски''', трговец од [[Тетово]]. По смртта на ктиторот, за манастирот и неговото одржување, се грижел неговиот син Круме, заедно со многу родољубиви и чесни [[христијани]].
 
Според археолошките истражувања на Д-р [[Петар Миљковиќ - Пепек]] од [[1967]] година, на остатоците од старата црква, под сега веќе опожарената црква, пронајдени се остатоци од фрески како и темели кои датираат од [[14 век]]. Тоа е значаен факт кој потврдува дека станува збор за вреден споменик на културата, не само во тетовската област, туку воопшто во историјата на византиската уметност. Тогаш остатоците од фреските се однесени на конзервација во музејот на [[Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата]], каде е утврдена нивната старост. Локалитетот и црквата "Свети Ѓорѓи" е значаен споменик на културата од највисок ранг како дел од културното наследство воопшто. Во [[1965]] година се изградени конаците и придружните објекти.
Ред 40:
До [[март]] [[2001]] година манастирскиот комплекс опстојувал мирно и не бил загрозуван од албанското население, со исклучок на поедини незначителни инциденти. Таков е случајот во [[1955]] година кога внуците на Рамадани Шазо, од село [[Мала Речица]] кои преку ноќ доаѓале во црквата и му се заканувае на чуварот дека ќе го убијат под изговор дека им е "партиска должност" да го избркаат чуварот и да го разурнат манастирот.
 
Црквата „Св. Ѓорѓија“ во Г. Речица е место каде што православните верници се собирале за празникот на светителот, на [[6 мај]] и на [[9 декември]].
 
== Пожарот од 2001 ==