Велигден: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
veli petok
Ред 2:
[[Податотека:voskresenie.jpg|мини|десно|250п|Руска икона која го прикажува воскреснувањето на Христа]]
 
'''Велигден''' илиe '''Воскресение Христово''' — најважниот верски [[празник]] во [[Православен календар|православниот календар]]. [[Христијани|Христијанските]] верници со овој празник го прославуваат [[воскресение Христово|воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос]] по неговата смрт со [[Распнување на Исус|распнување]] околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата [[смрт]], сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела по [[Велики петок]].
 
[[Православие|Православните]] христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“.
== Место во православниот календар ==
Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според [[грегоријански календар|грегоријанскиот (цивилниот календар)]] или [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]] (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според [[месечев календар|месечевиот календар]] кој е сличен, но не ист со [[Еврејски календар|еврејскиот календар]].
 
Велигден се празнува по еврејскиот празник [[Пасха]] ([[хебрејски јазик|хеб.]] ''песах''), во првата недела по полна месечина, која што е на самиот ден на [[пролетна рамноденица|пролетната рамнодневница]] или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу [[4 април]] и [[8 мај]].
 
Во православието, подготвувањата започнуваат со [[Велики пости|Великите пости]]. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со [[Лазарова сабота]]. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.
 
Потоа доаѓа празникот Цветна недела ([[Цветници]]), [[Светла седмица]], и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема [[пост]]ење дури ни во среда и петок.
 
Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро)<ref>[http://preminportal.com.mk/content/view/3888/94/ ''Воскресение Христово (Велигден)'', preminportal.com.mk]</ref>. Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.
 
== Обичаи ==