Ајвар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 178.148.155.231 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:CommonsDelinker|CommonsDeli...
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Ajvar-3.png|мини|десно|200п|Ајвар]]
'''Ајвар''' — посебен вид на салата, направена од црвени пиперки. Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Србија и Македонија.
 
Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор - пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат. Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, мелат и пржат на тивок оган. Треба да се забележи дека различни семејства, различно го подготвуваат својот ајвар. Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан како најефективен додаток на традиционалниот ајвар.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ајвар