Андреа Барцаљи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 31:
 
=== Волфсбург ===
Во 2008 година, Барцалји беше во преговори со [[ФК Фиорентина]] и се очекуваше да потпише со нив. На изненадување на сите договорот падна па наместо во [[Фиренца]], Барцалји ја продолжи својата кариера приклучувајќи му се на [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]] во [[Бундеслига]]та заедно со својот сонародник и тимски колега од Палермо [[Кристијан Ѕакардо]]. Тој настапуваше со бројот 43 на својот грб. Под водство на [[Феликс Магат]] Волфсбург имаше одлична екипа во сезоната 2008-2009. На крајот од сезоната напаѓачите на Волфсбург, [[Графите]] и [[Един Џеко]] беа прв и втор стрелец во лигата со постигнати 28 односно 26 голови. Барцалји пак ги одигра сите минути и беше вистински столб во одбраната на екипата со што многу придонесе во освојувањето на [[Бундеслига]]та (прва титула за Волфсбург во историјата). Иако многу играчи го напуштија Волфсбург следната сезона, Барцалји остана и го постигна својот прв погодок за оваа екипа во мечот против [[ФКВФЛ Хофенхајм|Хофенхајм]] на 4-ти април 2010 во победата од 4-0. Во зимскиот преоден рок, во јануари 2011 Барцалји сметаше дека е време да се врати во Италија и ја прифати понудата на италијанскиот гигант [[ФК Јувентус|Јувентус]].
 
=== Јувентус ===