Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Removing Link FA template (handled by wikidata) - The interwiki article is not featured
→‎Основање на Рим: На левиот брег на реката Тибар
Ред 56:
 
=== Основање на Рим ===
Латините се населиле во средишниот дел на Апенинскиот Полуостров. НалевиотбрегнарекатаТибарНа левиот брег на реката Тибар, на седум блиски ритчиња основале свои населби, кои биле опкружени со мочуришта. Етрурците, кои живееле од другата страна на Тибар, често ја минувале реката и ги разменувале своите производи со производите на Латините. Латините прифатиле голем дел од културата на Етрурците.
 
Етрурците преземале и воени напади против Латините. За да се одбранат полесно од нападите, населбите на седумте ритчиња се обединиле. Така настанал градот Рим. Во шестиот век пред н.е., Етрурците ги победиле Латините и го освоиле Рим. За основањето на Рим е зачувана и една легенда. Според неа, Рим бил основан во 753 година пред н.е. од близнаците Ромул и Рем. Уште додека биле во лулка, нивниот лош стрико ги фрлил во реката Тибар. Од реката ги извадила една волчица, која ги задоила, а потоа ги нашол и ги пораснал еден овчар. Кога пораснале, браќата му се одмаздиле на лошиот стрико. Потоа основале град, кој по Ромул го добил името Рим (на латински Рома).