Стефан Душан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Removing Link GA template (handled by wikidata)
с (GR) File renamed: File:Dusanporodica.jpgFile:Family of Serbian Emperor Stefan Dušan, Dečani.jpg File renaming criterion #2: To change from a meaningless or ambiguous name to a name that describ...
Ред 34:
== Војната со Унгарија ==
 
По склучувањето мир со Византија Стефан Душан ги насочил своите сили кон одбрана на српската граница со Унгарија. Унгарскиот крал Карло Роберт ја искористил зафатеноста на Србија во војната со Византија и во летото 1335 година навлегол во северните делови на Србија, кои претходно биле под владение на {Стефан Драгутин}. Стефан Душан тргнал со војска кон манастирот Жича потпомогнат од Византискиот император Андроник III. Благодарение на ова била отстанета унгарската опасност. „Карло се повлекол преку Сава,божем поради помошта на византиските чети кои за тоа српскиот крал богато ги наградил“<ref>Данило 227 и д. Kantakezionos II, сар. 25. О односима измеѓу Србије и Унгарске 1331-1355</ref>. Унгарската војска морала да се повлече преку Сава. Во овие судири учествувал и босанскиот бан на унгарска страна но неговите војсководци Руѓер и Милтен преминале на страна на Србите. Србите ја освоиле Мачва која што Унгарците ја освоиле во 1319 година. Војната со Унгарија продолжила и во наредните две години. Дејствијата претежно се одвивале на српско-унгарската граница. Но сепак таа војна била од второстепено значење бидејќи Душан имал намера да ги продолжи освојувањата на југ кон Византија. На 12 април 1336 год. преку Дубровник во Србија дошле пратеници на австрискиот кнез Отон кои ги испратил германскиот витез Палман кој бил водач на наемниците во српската служба.Станувало збор за женидба на српскиот крал со принцезата Елисавета која била ќерка на покојниот германски крал Фридрих убавиот. Принцезата била згрозена од планот за нејзина мажачка со Душан и се разболела и умрела на 23 октомври 1336 год. Ова довело до заладување на односите меѓу Душан и царицата Елена но таа во меѓувреме му го родила синот Урош 1337 год. [[Слика:dusanporodicaFamily of Serbian Emperor Stefan Dušan, Dečani.jpg|мини|десно|Цар Стефан Душан со семејството]]
 
== Втората етапа од освојувањата кон Византија ==