Морален ризик: Разлика помеѓу преработките

Одземен 21 бајт ,  пред 7 години
Теоретската анализа за моралниот ризик ја постави Вилијам Викри<ref>http://darp.lse.ac.uk/papersDB/Vickrey_(Ecmet_45).pdf</ref>, а ја реши Џејмс Мирлес. Проблем во осигурувањето е дека штетата од осигурените објекти не зависи само од надворешни фактори како што се [[Време|времето]] и обидот за [[кражба]], туку и од грижата на купувачот на [[осигурителна полиса|полисата]]. Грижата неможе да биде набљудувана и поради тоа крајниот резултат зависи од сопствените акции на агентот кој ја држи полисата. Конечниот исход е [[економска ефикасност|неефикасност во економијата]]. Мирлес истакна дека акциите на агентот индиректно имплицираат на избор од веројатности за различни резултати<ref>http://restud.oxfordjournals.org/content/66/1/3.short</ref>. Условите за оптималност на тој начин ни обезбедуваат информации за изборот на агентот и степенот до кој треба да обезбеди осигурителна заштита. Во дизајнирањето на полисата осигурителот треба да ги земе во предвид трошоците преку кои ќе го стимулира агентот да се однесува дисциплинирано. Колку е поголема осетливоста на агентот за казна и колку се подостапни информациите за изборот на агентот, толку се помали трошоците. Решението на проблемот предлага агентот да превземе дел од штетата доколку настане, а осигурителот да се грижи за осигурениот објект исто како да не е осигурен.
== Моралниот хазард во финансиите ==
{{главна|ПогрешнаПогрешен избор и морален хазард во осигурувањето}}
Пример за морален хазард во [[финансии|финансиите]] се активностите од американската [[осигурителна компанија]] [[American International Group|AIG]] пред почетокот на [[Големата рецесија|финансиската криза од доцните 2000-ти]]<ref>http://thismatter.com/money/banking/information-asymmetry.htm</ref>. Луѓето кои инвестираа во неа мислеа дека парите им се сигурни бидејќи AIG имаше највисок [[кредитен рејтинг]] даден од сите [[кредитни агенции]]. Меѓутоа компанијата продаваше [[своп|кредитни свопови]] и [[хартии од вредност]] обезбедени со [[хипотека]]. Трговците кои ги продаваа не поднесуваа никаков ризик, туку целиот паѓаше на товар на AIG, кој пак не се грижеше бидејќи се сметаше дека е преголем за да пропадне. Тоа значеше дека доколку компанијата не е во состојба да ги исплати плаќањата државата ќе ги спаси. На крајот тоа и се случи кредитниот рејтинг на AIG падна и државата мораше да ги спаси, а акционерите останаа без своето сопствеништво.
 
== Поврзано ==