Пелагонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 39:
[[Податотека:Pelagonian fields.jpg|мини|250п|лево|Пелагонија на зајдисонце.]]
Пелагонија всушност го претставува централниот западен дел на етничка [[Македонија]]. Таа денес се протега во две држави: [[Република Македонија|Македонија]] и [[Грција]]. Се состои од Битолското и Прилепското Поле во басенот на [[Црна Река]] и нејзините притоки во [[Република Македонија|Македонија]] и Леринското Поле во [[Грција]]. Котлината е опкружена со планините [[Баба (планина)|Баба]], [[Бушева Планина]] од запад, [[Даутица]] од северозапад, [[Бабуна]] од североисток, [[Селечка Планина]] и [[Ниџе]] од исток, додека на југ и југозапад е оградена со падините на [[Нередска Планина]]. Во минатото во времето на терцијарот Пелагонија била заезерена поради што денес (особено во Битолското Поле) е голема застапеноста на хумусна и алувијална почва. Просечната надморска височина се движи од 710 до 615 метри во Прилепското поле и од 610 до 540 метри во Битолското Поле. Низ Пелагонија тече Црна Река со притоките: [[Блата]], [[Шемница]], [[Драгор]] и [[Елешка Река]]. Целата речна и водена мрежа претставува дел од егејското сливно подрачје.
 
Во делот за орографија во одделот за полињата, во својата книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] дава опис за Пелагонија. Пелагониското поле е едно од најголемите и најплодните полиња во цела Македонија. Тоа е природна испакната рамнина, долга од север кон југ 14 часа, широка од исток кон запад 4 – 6 часа. Од сите страни е заградено со високи планини, како стени. Од исток го заградува Селечката планина и почетокот на Ниџе, од запад – Пелистерската и Крушевската планинска верига, од југ – падините на Вич Планина, а од север и северозапад – Даутица, Мукос, Преслоп и Козјак. Според местоположбата и изгледот тоа се разделува на Прилепско, Битолско и Леринско Поле. Во Прилепското Поле течат реката Блато и Прилепската Река, Битолско-Леринското поле се наводнува од Црна Река, Шемница, Сакулева Река и потоците на Пелистер. Бидејќи полето е рамно како тепсија, сите тие реки широко се излеваат за време на висок водостој, создавајќи околу себе блатести места.
[[File:Pelagonija-MKD.JPG|thumb|250px|Глетка од Пелагонија во околината на селото [[Вашарејца]]]]
[[File:Pelagonija od Visoka.JPG|thumb|мини|250п|Поглед на Пелагонија од врвот Висока на [[Селечка Планина]]]]