Пелагонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 105:
[[Податотека:Pelagonia-Bakarno Gumno.jpg|мини|250п|Пределот Бакарно Гумно (Гладно Поле) познат како Тополчанска Греда - преод меѓу Прилепското и Битолското Поле]]
 
Во Пелагонија најразвиена е прехранбената индустрија, а како најголема житница во Македонија, на нејзиното подрачје се наоѓаанаоѓаат и најголемите пекарско-мелничарски комбинати „Жито Битола“ и „Жито Прилеп“, како и повеќе приватни мелничко-пекарски претпријатија како што се „Млин Стојчев“, „Пелафино“ фабриката за тестенини. Во [[Прилеп]] се наоѓаат прехранбената индустрија „Витаминка“, Тутунскиот комбинат и Пиварницата, а во [[Битола]] се лоцирани Пиварницата, Шеќераната, фабриката за квасец и неколку млекарници итн. Доста развиена е и металската индустрија и во [[Битола]] и во [[Прилеп]], а развиени се и стакларската, идустријата за електрични апарати, градежни материјали итн.
 
Во Битолското Поле големи се резервите на јаглен, поради што работат два рудника за негово исцрпување: „Суводол“ и „Гнеотино“. Тука се наоѓа и најголемата термоелектрична централа во државата „ТЕЦ Битола“ која со своите 3 блока произведува 60% од електричната енергија во [[Македонија]].
 
Од особено значење за економско-стопанскиот и индустрискиот развој на целиот регион е изградбата на Индустриската зона „Жабени“ која се протега на 85ha во близината на с.[[Жабени]], јужно од [[Битола]], како и ново-отворена индустриската технолошко-развојна зона „Прилеп“ кај селото [[Ново Лагово]], во кои веќе се изградени неколку производствени индустриски капацитети од странски инвеститори.
 
== Сообраќај ==