Пелагонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 38:
== Релјефни, орографски и географски карактеристики на Пелагонија ==
[[Податотека:Pelagonian fields.jpg|мини|250п|лево|Пелагонија на зајдисонце.]]
Пелагонија всушност го претставува централниот западен дел на етничка [[Македонија]]. Таа денес се протега во две држави: [[Република Македонија|Македонија]] и [[Грција]]. Се состои од Битолското и Прилепското Поле во басенот на [[Црна Река]] и нејзините притоки во [[Република Македонија|Македонија]] и Леринското Поле во [[Грција]]. Котлината е опкружена со планините [[Баба (планина)|Баба]], [[Бушева Планина]] од запад, [[Даутица]] иод северозапад, [[Бабуна]] од северсевероисток, [[Селечка Планина]] и [[Ниџе]] од исток, додека на југ и југозапад е оградена со падините на [[Нередска Планина]]. Во минатото во времето на терцијарот Пелагонија била заезерена поради што денес (особено во Битолското Поле) е голема застапеноста на хумусна и алувијална почва. Просечната надморска височина се движи од 710 до 615 метри во Прилепското поле и од 610 до 540 метри во Битолското Поле. Низ Пелагонија тече Црна Река со притоките: [[Блата]], [[Шемница]], [[Драгор]] и [[Елешка Река]]. Целата речна и водена мрежа претставува дел од егејското сливно подрачје.
[[File:Pelagonija-MKD.JPG|thumb|250px|Глетка од Пелагонија во околината на селото [[Вашарејца]]]]
[[File:Pelagonija od Visoka.JPG|thumb|мини|250п|Поглед на Пелагонија од врвот Висока на [[Селечка Планина]]]]
Ред 49:
 
== Население ==
Во Пелагонија живеат повеќе од 200.000 жители, од кои доминантно мнозинство се [[Македонци|Македонците]] со застапеност од над 90%. Најголеми градови во котлината се [[Битола]] и [[Прилеп]], а во грчкиот дел [[Лерин]]. На подрачјето на Пелагонија се наоѓаат општините [[Општина Битола|Битола]], [[Општина Прилеп|Прилеп]], [[Општина Долнени|Долнени]], [[Општина Кривогаштани|Кривогаштани]], [[Општина Могила|Могила]] и [[Општина Новаци|Новаци]]. Освен населението кое потекнува оттука има и голем број на доселеници од областие [[Мариово]], Демир Хисар и [[Преспа]].
 
== Земјоделство и стопанство ==